Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
Други спортовиВо розево трико упаднал на Супер Боул и заработил 300.000 долари : Мама ќе биде горда Планот бил смислен минатата среда, на пат кон дома од Дубаи. На 15-часовниот лет, имале многу време да изготват стратегија. „Тие ме познаваат, не можам да го сторам тоа повторно“, рекол 28-годишниот Виталиј Здоровецкиј на својот пријател.Јуриј Андраде (31) предложил да се користи мамка. „Потребни ни се две лица да го направат ова дело. И мапа на стадионот Рејмонд Џејмс. И билети за Супер Боул. Додека слетале на Флорида, тие го усовршиле својот план, пишува Тампа Беј Тајмс. Некои велат дека на овие момци повеќе не треба да им се дава публицитет. Тие го прекршиле законот и го одложиле натпреварот. Двајцата веќе се уапсени, или за ширење паника или за голема кражба. Други сакаат да знаат кои биле овие престапници, зошто упаднале на теренот за време на Суперболот и како успеале во тоа. Повеќе од 96 милиони луѓе го гледале нивниот трик во живо на CBS. Гледачите на стадионот ги бодреле. Пред California Pizza Kitchen во Тампа, тие ја раскажале својата приказна. Се запознале како тинејџери во средното училиште „Бока Ратон“ и двајцата сè уште живеат во оваа област. Андраде и помага во бизнисот на неговата мајка. Здоровецки има канал на Јутјуб на кој изведува „пранкови “ и упаѓа во спортски настани. Тој го претрчал тревникот на финалето на Светското првенство во 2014 година, се заби во подот за време на НБА финалето 2016 година и бил на теренот за време на Светската серија 2017. Бил уапсен за искачување на буквата „Д“ на холивудскиот знак. Поминал пет дена во египетски затвор за искачување по пирамида. „Тоа е чист адреналин“, рече Здоровецкиј. „Подобро од која било дрога. Неговиот канал на YouTube има повеќе од 10 милиони претплатници. Го следат 620 000 луѓе на Твитер и е „тежок“седум милиони долари. Неговата страница за возрасни Виталиј без цензура содржи „снимки на голотија од забави и многу повеќе“. „Тоа е уметност“, вели тој. На последните четири Супер Боули тој потрошил 80.000 долари на билети и се обидел да влезе во полето. Секој пат обезбедувачите го запирале, еднаш дури и пред да седне на своето место. „Ме чекаа“, рече Здоровецкиј. „Ме имаат на списокот. Но, никој не го барал Андраде. Или Даглас Шафер, 28-годишник и уште еден пријател од средно училиште, кој се согласил да биде мамка кога Здоровецкиј му понудил 5000 долари. Во саботата, ден пред Суперболот, тие барале билети преку Интернет. Нивните места требало да бидат близу теренот, близу скалите и близу до излезот. Тие платиле 25.000 долари за две места на работ на „крајната зона“, во близина на пиратскиот брод Тампа Беј Баканери. Андраде и кажал на својата мајка што ќе прави, а таа се обидела да гоодврати. „Не ми треба никаква негативност, мамо“, и реко тој. „Ќе го сторам тоа. Кога му го опишал планот на друг пријател, тој се насмевна. „Се прашувам дали се нудат облози за тоа“, рекол Андраде, кој сакал да се обложува. Се разбира, интернет обложувалницата Бовада понудила коефициент од 7,5 ако некој се обиде да се пробие на теренот за Супер Боул. „Значи, за уплата од 1.000 американски долари добивате 7.500“, рече тој. „Ги повикав сите што ги познавав. Некои обложувалници беа ограничени на 800 американски долари, па тој им делеше пари на пријатели да се обложуваат. Контактирал и обложувалници во Вегас и други обложувалници преку Интернет. Здоровецки ставил 10000 долари на масата. Андраде се обложил на 40 000 долари. Тие ја напуштиле Бока Ратон во неделата наутро, се возеле кон Тампа и се пријавиле во хотел. Седеле таму четири часа пред почетокот и ги следеле информациите на веб-страницата на Бакс. Проучувале карта на стадионот, ја отпечатиле и смислиле патеки за бегство, ги погледнале снимките од други игри и анализирале што не е во ред. Во хотелската бања, Андраде се стиснал во розов женски костим за капење со ознака на веб-страницата на Здоровецкије на градите. Неговата тетоважа, Откровение 2:10, се открила на рамото. Библискиот стих вели: „Не плаши се од тоа што ќе претрпиш“. Тангите, вели тој, болно му се вовлекле во задникот. Облекол црвена маица и црни шорцеви преку костимот за капење, врзал нови зелени патики Under Armour за кои се надеваше дека ќе го забележат The Rock. Во еден џеб ставил 2000 долари – за кауција. Во друг, чувал неколку таблети мелатонин. „Да можам да заспијам во затвор“. Здоровецки сакал да истрча во првата четвртина. Но, Андраде, кој никогаш порано не бил во Супер Боул, рекол: „Ако одам на Супер Боул, ќе го гледам Супер Боулот“. Така, тој и Шафер го следеле првото полувреме, настапот на „Викенд“ на полувремето, а потоа третата четвртина кога „Баките“ постигнаа 10 поени. Ги гледале и чуварите и полицајците кои патролираа на теренот. Пет минути пред крајот, Андраде се сврте кон Шафер: „Ајде да одиме!“ Шафер прв истрчал на теренот и се фрлил на тревата. Обезбедувачите од неколку делови на стадионот притрчаа да го грабнат, што му отвори можност на Андраде. Тој се спушти по скалите на стадионот и ја прескокна оградата од шестиот ред и го искина дресот. Тоа, рече тој, бил „најголемиот момент во неговиот живот“. Публиката дивееше. Двајца чувари се обиделе да го фатат, но тој ги избегнал, притрчал покрај линискиот судија и му пратил бакнеж на бекот на Канзас Сити, Патрик Махомес, кој го гледал. „Некој истрча на тревникот, некој во градник“, објави коментаторот Кевин Харлан. „Тој трча низ средината, оддалечен е 40 јарди, рацете му се во воздух во победнички поздрав ... Го бркаат кон 30, тој се ослободува од обезбедувањето, трча низ средината во 10, во 5 .. Тој се лизга до целта и конечно застанува на гол-линијата. Облечи ги панталоните, соблечи го градникот, биди маж! “ Во крајната зона, тој бил соборен од заменикот на округот Хилсборо, Клинтон Стернс. „Не ме повредувај“, му рекол Андраде. „Цел свет гледа. Тој не ја видел победата, ниту го гледаше Том Брејди како го крева трофејот и слави на трибините. Благодарение на мелатонинот и пивото, тој спиел убаво во затвор. Во понеделникот рано наутро, двајцата пријатели излегле со кауција од 500 долари. Двајцата се товарат за полесно дело неовластено влегување на терен, за што казната е 500 долари. Во понеделникот вечерта тие славеле во стриптиз клубот Пентхаус, каде Андраде се качил на сцената со неговиот веќе познат розов костум и танцувал на шипка. На два дена по натпреварот, стотици луѓе го препознале и го замолиле да се фотографира со нив. Му се јавиле од радио и телевизиски станици, од спортски портали ... Здоровецки е во екстаза и веќе го планира својот следен потфат. Што се однесува до облогот: До вторникот навечер, Бовада објавил дека сметката на Андраде „ги прекршила Условите за употреба“. Бовада „препозна некои неправилности во обложувањето на Супер Боул„ дали навивачот ќе истрча на теренот за време на натпреварот “, се вели во соопштението. „Ќе продолжиме да се грижиме дека какви било јавни покажувања или злонамерно однесување не можат да влијаат на исходот од облогот на играчот“. Андраде рече дека платил само 20% од парите во Бовада. Букмејкерите во Вегас и другите страници, вели тој, сè уште му должат околу 300 000 американски долари. Тој вели дека планира да го отплати заемот за куќата на неговата мајка. „Мама ќе биде горда на мене.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter