Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
2Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
3Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
СветВо Рио де Жанеиро денеска почнува дводневниот самит на Г20Британските медиуми пренесуваат дека земјите членки на Г20 учествуваат со 85 отсто од светската економија и најмногу придонесуваат финансиски во борбата против климатските промени. Во Рио де Жанеиро денеска почнува дводневниот самит на Г20, а главни теми на состанокот ќе бидат борбата против сиромаштијата и гладот во светот, реформа на глобалните институции, борбата против климатските промени, како и конфликтите во Украина и појасот Газа. Британските медиуми пренесуваат дека земјите членки на Г20 учествуваат со 85 отсто од светската економија и најмногу придонесуваат финансиски во борбата против климатските промени. Членките на Г20 испуштаат повеќе од три четвртини од стакленичките гасови, па од тие причини Обединетите нации пред два дена ги повикаа лидерите на Г-20 да одвојат повеќе средства за борба против климатските промени. Самитот на Г-20 во Рио има за цел да постигне консензус за зголемување на даноците на најбогатите милијардери во светот за борба против климатските промени и намалување на сиромаштијата. На самитот ќе биде промовирана иницијативата Глобална алијанса против гладта и сиромаштијата предложена од бразилското претседателство со Г-20, чија цел е да се забрзаат напорите во борбата против сиромаштијата и недостигот на храна во светот до 2030 година. Бразилската влада предложи и данок за најбогатите луѓе во светот, заедно со Франција, Шпанија и Јужна Африка. Меѓутоа, Долниот дом на бразилскиот Парламент минатиот месец ги отфрли плановите за воведување дополнителен данок за најбогатите Бразилци. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој е домаќин на самитот на Г20, ќе се обиде да ги унапреди плановите за оданочување на најбогатите милијардери во светот кои често користат „дупки“ за да избегнат плаќање даноци, објави Дојче веле (DW). На состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Рио во јули, најбогатите земји во светот се согласија да започнат дијалог за правично и прогресивно оданочување, вклучувајќи ги и оние кои најмногу заработуваат, и покрај жестокото противење од САД и Германија. Планот за оданочување на најбогатите милијардери го осмисли францускиот економист Габриел Цуцман и тој предвидува воведување годишен данок во износ од два отсто на вкупните нето средства на екстремно богатите поединци, а не само на нивните годишни приходи. Средствата би вклучувале недвижен имот, акции и други инвестиции. Со овој план може да се соберат до 250 милијарди долари даноци годишно од речиси 2.800 милијардери ширум светот, чие комбинирано нето богатство се проценува на околу 13,5 трилиони долари, пресмета Форбс од листата на најбогати милијардери во светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓанитеЗаменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш. Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти. Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води. На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението. „Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население. МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter