Во регионот на Западен Балкан има помеѓу четири и шест милиони парчиња илегално мало и лесно оружје

Како до побезбеден регион и сеопфатна контрола на илегалното оружје е целта на иницијативата покрената од Германија и Франција, во рамки на Берлинскиот процес на состанок во Трст.

Скопје денеска беше домаќин на состанокот на оваа заедничка француско-германска иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со огнено оружје во Западен Балкан на која беа разгледани активностите на македонските надлежни институции кои произлегуваат од иницијативата.

- На денешниот состанок со министерот за внатрешни работи и тимот експерти од РМ беше искажана силна политичка волја и констатиран е прогрес, но се уште треба многу да се работи во целиот регион со сите влади. Затоа ги спроведуваме овие локални координативни состаноци. Силниот дијалог со локалните влади и координацијата со донаторските организации и донаторски држави - партнери ќе ни овозможи да бидеме сигурни дека ќе се надополнуваме меѓу себе, дека ќе бидат избегнати непотребни удвојувања на напорите и дека ќе помогнеме преку засилена поддршка од нашите организации околу новите проекти што се потребни, рече Жан-Клод Брине, претставник на Франција, која е кодомаќин на состанокот,

Брине, кој е амбасадор за транснационални криминални закани и борба против недозволена трговија со МЛО при француското Министерство за Европа и надворешни работи, посочува дека на овој состанок, меѓу другото, требаше да се идентификуваат областите каде земјата ќе има бенефит од меѓународната помош во борбата против илегалното малокалибарско оружје.

Претставникот на Германија, Маркус Блеинрот, директор за контрола на конвенционалното оружје при германското Министерство за надворешни работи, се осврна на патоказот, кој е подготвен и треба да се користи како стратегија за тоа како да се стави нелегалната трговија со МЛО во регионот под контрола. Целта на иницијативата е вели и подобра контрола на границите против илегалната трговија и јакнење на капацитете на праводуството.

- Се уште има големи количества оружје во регионот, илегална трговија со оружје, но исто така гледаме и дека регионот има култура на користење оружје при веселби, кои не ретко завршуваат со фатални последици, гинат невини луѓе. Потребно е да се промени и чувството на потреба од поседување оружје заради лична заштита. Како земја која сака да биде дел од ЕУ, треба да ги транспонирате европското во домашното законодавство со што нема да имате потреба од оружје повеќе. Се надеваме дека во контекст на оваа наша иницијатива илегалната циркулација на оружје може значително да се намали и дека можете да станете нормална земја како другите во ЕУ каде нема да имате потреба од оружје, а и при веселбите може да не се користи борбена муниција, вели Блеинрот.

На 11 декември, Франција ќе биде домаќин на конференција на високо ниво во Париз за да се разгледаат резултатите од донаторските координативни состаноци, да се презентираат локалните акциони планови за имплементација на Регионалниот план и да се идентификуваат донаторските придонеси за негово финансирање.

Кон крајот на 2019 година, Германија ќе биде домаќин на мониторинг конференција во Берлин, кога ќе се разгледа првата година од имплементацијата на Регионалниот план и на националните акциони планови.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер