Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

Вилдерс објави дека е постигнат договор за коалициска влада во Холандија

Холандскиот политичар Герт Вилдерс синоќа објави дека е постигнат договор за формирање на десничарска коалициска влада речиси шест месеци по изборната победа на неговата партија, но и дека тој нема да биде премиер.

„Имаме договор меѓу преговарачите“, рече Вилдерс, кој уште во март се откажа од намерата да биде премиер, наведувајќи ги наводите дека е „исламофоб и противник на ЕУ“.

Договорот е постигнат меѓу четири партии - Партијата за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс, про-земјоделската партија БББ, либералната партија ВВД и новата партија против корупцијата НСЦ.

Се уште не е познато кој ќе ја предводи десничарската владејачка коалиција која ќе го замени Марк Руте. Руте е кандидат за функцијата генерален секретар на НАТО.

Франција го обвини Азербејџан за вмешаност во немирите на Нова Каледонија

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз ја усвои реформата со 351 глас „за“ и 153 „против“, со која на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание.

Во немирите во Нова Каледонија едно лице е застрелано, а повредени се стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми. Десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите, а повеќе од 130 лица се приведени. Премиерот на Франција, Габриел Атал вчера изјави дека на Нова Каледонија ќе бидат распоредени дополнителни полициски сили.

СРЦЕПАРАТЕЛНО : Зоки „Фаци“ го моли менаџментот на Канал 5 ТВ во име на водителчето...

Во вчерашното гостување во Канал 5 ТВ, нашиот некогашен колега Зоран Василевски - Фаци, јавно го замоли нашиот менаџмент да сме му дале шанса не некое водителче на некој подкаст, зошто „детето стварно има големи квалитети“

Зоки „Фаци“ на срцепарателен и колегијален начин, ретко виден на европските простори, побара од нас да му дадеме шанса на она момче со благо-интелектуален поглед кој гласно се церекаше на расажувањата на Латас во неговиот Youtube подкаст и за што заработи обвинение од ОЈО Скопје.
Истово водителче веќе две-три недели промовира криминалец со правосилни ефективни пресуди, и заедно без елементарен човечки срам, објавуваат наводни пораки меѓу повеќе лица, без при тоа да е свесен дека ако истите пораки се точни и во нив се содржани одредени инсинуации за кривично-правни настани, истите треба да ги доставени до надлежен обвинител. Во спротивно, истите пораки стануваат ништовни.

Вчера дознавме дека Зоран Василевски е сериозно болен и целиот тим на Канал 5 ТВ му посакува закрепнување со понуда за евентуална помош во таа негова лична здравствена борба!


притисни ентер