Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
2Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
КултураВо Прилеп почна 7. „Џез викенд фестивал"Со настапот на „Кеко Форнарели Трио“ од Италија синоќа на камерната сцена во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 7-от по ред интернационален “Џез викенд фестивал“. Побликата на летната сцена од Домот на културата уживаше и во изведбите на џез уметниците на скопската група „Фиарс“ и на извонредниот македонски џез музичар Владимир Четкар. Фестивалот, што ќе се одржува до сабота, ќе понуди богата програма и врвна џез музика на гостите од Грција, Германија, од Србија, Македонија. -Целта на овој фестивал е промоција и популаризација на џезот и на уметноста на импровизирана музика во Македонија. Во изминатите шест години низ фестивалот поминаа доста музички имиња од повеќе земји од Европа и од нашата држава, кои оставија значаен белег во креирањето на фестивалската историја која ја испишуваме и кои извршија силно влијание врз домашната џез публика. Фестивалот со својата разноликост и ненаметливост постигнува реноме во регионот, вели Снежана Ристеска од прилепската локална самоуправа која е организатор на фестивалот. Публиката смета дека е востановена џез културата во градот која има традиција. Кеко Форнарели од Италија, чие трио го отвори Фестивалот прв пат е во Македонија. - Верувам дека со публиката ќе уживаме во џез-музиката. Овој регион нуди интересна музика. Имаме веќе пет албуми и за шест години сме гостувале во 42 земји. Сакам повторно да настапувам овде во македонија, вели Форнарели. За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Фестивалот си создаде своја публика и овој е последен од петте фестивали годинава. - Фестивалската програма за годинава ја заокружуваме со Џез фестивалот. Почнавме со карневалот „Прочка“, потоа со македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, па Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, потоа со „Пивофест“ и последен на програмата за годинава е Џез фестивалот, изјави Јованоски. Годинава фестивалот нуди интересна програма, која е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански и македонски џез. Вечер, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов. Последниот фестивалски ден, сабота, е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“. Истовремено, фестивалот ја задржува традицијата да нуди и “оф“ програма, која ќе се одржи утре, вторник 28 август, среда 29 август и во недела. 2 септември, во кафетериите „Сидро“, „Џез клуб Тејк фајв“ и во „Резиденс“ во село Плетвар. Во тие рамки, љубителите на џезот ќе можат да ги проследат настапите на Дамир Имери Квартет“, „Флинстоунс Џез Трио“ и „Летечки Пекинезери“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаШефицата на Европската централна банка поднесува оставка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година. Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија. Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.Тагови: Европската централна банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евраЗа операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица. Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти. „Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“ Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги. Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања. Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата. „Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија. За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)Британскиот актер и комичар Саша Барон Коен му се извини на казахстанскиот народ за улогата на Борат во истоимениот филм и рече дека ја почитува казахстанската култура.Говорејќи во подкастот „Среќен, тажен, збунет“, актерот откри дека националноста на Борат била менувана неколку пати во текот на развојот на ликот, а првичниот план бил тој да биде Албанец. Според него, на крајот бил избран Казахстан, бидејќи поголемиот дел од западната публика не била запознаена со таа земја, пренесе РИА Новости. "За прв пат во мојот живот сакам да им се извинам на луѓето во Казахстан, бидејќи Борат нема никаква врска со Казахстан. Не сакав да ве навредам. Го почитувам вашиот народ и вашата култура. Ве молам, не го сфаќајте ова лично", рекол актерот. Тој додаде дека не знае како звучи казахстански акцент и дека често му кажувале дека Борат не звучи како Казахстан. Тој рече дека неговиот лик бил критикуван и поради неговите мустаќи, кои не се карактеристични за мажите кои живеат во Казахстан. Филмот „Борат: Културни учења на Америка во корист на славната нација на Казахстан“ беше објавен во 2006 година. Во контроверзниот филм, Коен игра казахстански новинар кој патува во Соединетите Американски Држави (САД) за да снима документарен филм. Филмот беше забранет во кината во неколку земји, вклучително и Русија. Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а Коен доби Златен глобус за улогата на Борат.Тагови: Саша Барон Коен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook