Во Прилеп отворена изложбата „Слободен влез“ - Канал 5

Во Прилеп отворена изложбата „Слободен влез“

Изложбата „Слободен влез – Free entry‟ од уметничката Марија Трпеска е отворена денеска напладне во  ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков".

Во Прилеп отворена изложбата „Слободен влез“

Според Трпеска, станува збор за поставка што го пренесува континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интересот за посетување ликовни изложби и неговото огромно визуелно искуство.

– Истражувајки го присуството на луѓето на ликовни изложби во културните институции, во уметничките галерии и во музеите, забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од младата публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект. Насликан е како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје. Проектот ќе продолжи и ќе се развие поради нужноста за промена на современите уметнички практики во Македонија, ќе отвори можност за натамошни промислувања за општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за релацијата дело – гледач, или автор – критичар, вели уметничката Трпеска.

Марија Трпеска дипломирала во 2017 гододина на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока ликовна педагогија, модул сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е сликарството, но истражува и со фотографијата и со видео уметноста.

Со оваа ликовна изложба Центарот за култура „Марко Цепенков" ја почнува програмата за оваа година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на социјално - економскиот совет

Законот за високо образование, годишната програма за работа на ЕСС биле главните точки на кој се разговарало на денешната седница на економско совијалниот совет.

Седница на социјално - економскиот совет

..Во рамки на програмата предвидено е до крајот на годината да се разговара и за минималната плата, но и за владината потрошувачка кошничка, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши... Иако на седницата не станало збор за цените на храната, Дурмиши во изјава за медиумите рече дека двете детални анализи кои ги направил дражвниот пазарен инспекторат покажале дека состојбата со цените на хранта во моментов е стабилна, но пазарен, вели, останува на терен и доколку во иднина има неосновано поскапување како влада ќе превземат соодветни мерки.

По седницата изјава за медиумите дадоа и од Сојузот на синдикати, од каде уште еднаш повторија дека мора да има раст на платите бидејќи секојдневно велат растат и трошоците за живот, податок што го потврдува според нив и пресметката на минимална синдикална кошничка.

Од ресорното министерство очекуваат до крајот на годината да биде целосно усогласена владината потрошувачка кошничка, која според нив ќе користи при креирање на идните економски политики...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон

Старите навики и натаму се гледаат, побрзо возење меѓу пешаци, во спротивна насока, а речиси никој не ги турка тротинетите за да премине улица – па останува да се види, дали казните ќе ја поттикнат совеста кај оние кои возат тротинети.

Полицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон

А, токму овие навики денеска беа под лупа на полицијата која денеска на неколку локации во градот ги стопираше возачите на тротинети кои не се придржуваа до поригорозните правила кои сега се законски регулирани. Дел од нив беа изненадени, други пак со изговор дека не знаеле оти законот веќе е на сила, па им беше посочено од полицјата на што треба да внимаваат во иднина за да бидат сите побезбедни.

Забележавме на тротинетите и малолетници, кои не само што не смеат да возат, туку возеа и на булевар, во спротивна насока, а и побргу од утврдената брзина и покрај тоа што за нив казните се највисоки, односно 275 евра, а можат да останат и без тротинетот. Еден од малолетниците не успеа да ја избегне полициската стоп-палка.

Ако малолетник биде сопрен на тротинет, веднаш се повикуваат неговите родители, како и инспектор за малолетници – се изготвува записник и потоа следува прекршочната процедура – па затоа од МВР апелираат до родителите, за најмладите да бидат побезбедни, најважно е да се стекнат со сообраќајна култура и да научат да ги почитуваат законите од најрана возраст. Воедно, побараа сите да бидат внимателни за посигурни улици.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот како и до возачите на лесни електрични возила, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, да ги почитуваат собраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државатам, бидејќи почитување на сообраќајните правила значи и заштита на човекови живот,- – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Електричните тротинети со новото законско решение станаа „лесно електрично возило“, а силата на електромоторот не смее да надминува 0,6 киловати и 35 кг без товар. Максимална дозволена брзина е 20 кмч на вело-патека, и 6 кмч на пешачка патека – возењето на булевар е забрането. Не смеат да се превезуваат други лица, во спротивно, и тој што вози, а и тој што се превезува ќе треба да платат по 100 евра казна. Воедно, тротинетот не смее да се вози при минување на пешачки премин.

За опасноста што ја носат овие превозни средства, пред се по самите возачи говори и статистиката на итната медицинска помош, од каде посочуваат дека во просек 3 лица завршуваат во Итна медицинска помош по падови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Колапси во автобуси и на постојки, сообраќајки, варирање на притисок, панични напади, ноќни повици поради млади што во алкохолизирана состојба паѓаат по улици. 

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Високите температури освен асфалтот ја „вжештуваат“ и линијата на Итната медицинска помош. Со само пет екипи на смена на цело Скопје оваа служба има полни раце работа - над 100 повици, од кои за 73 во изминативе 24 часа морале да пратат и возила и да интервенираат на лице место.

Утрово специфичен случај на колапс имало во автобус кога човек откако изгубил свест се струполил додека автобусот се движел и се здобил со повеќе повреди.

На 194 не изостануваат повиците на депресивни, луѓе со психози и панични напади. Лекарите велат дека бројот на вакви случаи се зголемува, а на 194 се јавуваат и такви кои бараат помош за чувство на тахикардија поради тоа, боледуваат од хронична љубов.

Не ја земајте терапијата за притисок пред да го измерите, велат лекарите кои покрај основните препораки - надвор да не се изглегува во најтоплиот период од денот и да се пие големо количество на вода, советуваат, во најтоплите денови да се замине во поладните предели, на пример на планина, а и повеќе да се внимава на исхраната и начинот на живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер