Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
1Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
БалканВо престрелка на улица во Сараево е убиен водач на наркокартел од ШведскаПопладнево дошло до пукање пред маркет во сараевската населба Булевар. Од МУП на кантонот Сараево потврдиле дека полициски екипи излегле на терен по дојава.Аваз пишува дека едно лице е убиено, додека друго е рането. На местото на пукањето има тело покриено со чаршаф. Според Аваз, на местото на настанот дошле две маскирани лица со спортски торби во кои имало автоматско оружје. Додаваат дека напаѓачите не оставиле чаури зад себе, што упатува на тоа дека биле професионалци. Аваз пишува и дека бил убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, додека ранетиот е државјанин на Босна и Херцеговина. Не е познато од која причина бил во Сараево. Аваз нагласува дека Остердал имал 30 години, а во Шведска бил водач на нарко картел, а во 2017 година бил осуден на четири години затвор за поткуп, продажба на дрога и кршење на Законот за оружје. Klix.ba тврди дека се работи за убиство од заседа и дека напаѓачите се во бегство. Тие пишуваат дека двајца напаѓачи на велосипед пукале со рафален оган кон мажите кои во моментот на нападот биле во близина на продажниот објект, каде во моментот се наоѓале неколку лица. Повредениот е пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Сараево каде му е укажана лекарска помош. Се уште не е позната сериозноста на неговите повреди. Очевидци изјавиле дека убиениот не живеел во таа населба и дека станува збор за лице кое дошло од Шведска. Во моментот на пукањето на улицата имало голем број граѓани, па среќа е што не загинале повеќе луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ТехнологијаОпсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно кадеВселенската опсерваторија „Свифт“ на американската вселенска агенција НАСА треба да влезе во атмосферата на Земјата денеска, односно да „падне од небото“. Точното време на повторното влегување сè уште не е познато, но проценките сугерираат дека тоа ќе се случи во наредните часови. Тековната позиција на Свифт може да се следи на веб-страницата N2YO.com. Моментално е на надморска височина од околу 160 километри. Вселенското летало од 1,5 тони помина речиси 22 години набљудувајќи експлозии на гама-зраци. Сега се очекува повторно да влезе во атмосферата на Земјата, создавајќи огнена топка што би можела да биде видлива дури и на дневна светлина. Поголемиот дел од Свифт ќе изгори за време на повторното влегување, но некои од деловите од волфрам и огледало на опсерваторијата може да го преживеат согорувањето. НАСА се обиде да го спаси Свифт. Во јули, „Каталист Спејс“ лансираше роботско вселенско летало наречено LINK за да се сретне со Свифт и да го подигне во повисока орбита. Таа мисија не успеа. Во меѓувреме, сончевата активност ги „разнесе“ горните слоеви на Земјината атмосфера, влечејќи го Свифт надолу многу побрзо од очекуваното.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00