31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
231 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај
3Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун
МакедонијаВо прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреченоПоради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.Од вчера, од 15:00 часот, има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.Тагови: Ќафасан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Македонија31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случајНа 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија. Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика. „Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат „Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски. Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров. „Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски. Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
БалканДржавен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани. Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење. -Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија -Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. -Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил. -Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter