На бензинските пумпи во Португалија од вчера е ограничено количеството на гориво , кое се продава порасди штрајкот на цвозачите на цистерни. Среде туристичката сезона, земјата е парализирана поради генералниот штрајк на возачите.Особено е тешка состојбата на аеродромите и во туристичките места.
„Нема друго решение“, рече на прес-конференција државниот секретар Тиаго Антунус, портпарол на социјалистичката влада по вонредниот совет на министри.
Мерката ќе биде спроведена во региони каде не се почитуваат минималните услуги, на аеродроми и областа Алгарве, каде престојуваат многу домашни и странски туристи.
Откако беше утврдено дека вчера се исполнети само минималните испораки, премиерот Антонио Коста рече дека „ситуацијата се развива негативно“, така што е донесена одлука полициските возачи да испорачуваат гориво.
На аеродромот во Лисабон, темпото на снабдување е недоволно, изјави портпарол на португалските аеродроми АНА.
Откако разговараше со премиерот рано утрово, конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соса ги повика штрајкувачите и нивните работодавци да бараат фер решенија и да не и наштетат на Португалија.
Синдикатите ги обвинија транспортните компании дека ги присилуваат возачите да го откажат штрајкот.
Вчера изутрината, конвои со танкери со камион за придружба ги напуштија главните складишта за гориво во земјата.
Околу 500 полицајци беа мобилизирани за да ги заменат штрајкувачите.