Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаВо понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичарницата нема да работиЈавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи. Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.Тагови: ЈСП Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаНаташа Поповиќ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струјаЗа граѓаните на Македонија веќе не станува збор за нормално живеење, туку за секојдневна борба за преживување. Со кои пари да се купи храна, а истовремено да се платат и сметки. Народот живее тешко, едвај врзвува крај со крај. Синдикалната кошничка достигна 71.000 денари. Со кирија за стан, трошокот е речиси 90.000 денари месечно. Ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци. Само за храна и пијалаци се потребни речиси 26.000 денари месечно а каде се сметки, облека, превоз,трошоци за деца, кирија. Ова е крпен живот. Откако се арамијата Мицкоски и криминалната ВМРО на власт минималната синдикална кошничка е зголемена за над 10.600 денари за само две години. Сега следува уште еден ценовен удар – посакпување на струјата и парното. Се што кажа Мицкоски излажа! Во септември најавуваше дека струјата нема да поскапи, а негоиот човек во РКЕ, Ацо Ристов сега најавува дека од следната година ќе има од 2 до 3 % повисоки сметки за струја, и од 6 до 8 % поскапо парно. Тоа ќе биде силен удар и ќе значи нови поскапувања, допилнително осиромашување на граѓаните. Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат помалку од 31.200 денари месечно - работата а буквално се сиромашни. СДСМ две и пол години поднесува предлог за 600 евра минимална плата. Два ребаланса направи власта годинава, нема ништо за работниците. И за новиот буџет за 2027 години поднесовме амандамн за 600 евра минимална плата. Што одговори власта - нема пари. До толку нема пари во државната каса, само заради криминалното, душманско крадење на парите на народот. Затоа и се задолжуваат. 4 милијарди евра долг направи Мицкоски за 2 години, за оваа 2027 година најавуваат уште 2 милијарди евра ново задолжување. Нови милијарди задолжување, а работникот со минимална плата мора да пресметува што да тргне од кошничката за да му останат пари за сметки, за живот. На целата оваа економска катастрофа Мицкоски ни ја увезе Алта банка на Вучиќ, или поточно, неговата пералница за пари. Луѓето не можат да си ги подигнат сопствените пари. Немаат пари за храна, а старите и болните немаат пари за лекови. Срамота е што направи овој човек од државата. Македонија стана свртилиште на организиран криминал и корупција. Земја што служи на туѓи интереси. И за ова ќе одговара пред граѓаните, за осиромашувањето на народот, и за секој денар потрошен за криминални тендери, наместо за подобар живот на народот. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Скопје, 22.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот„За мене претставува огромна чест што мојот драг пријател и колега, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, е денеска овде со мене.Би сакал на самиот почеток на овој денешен значаен настан за двете земји, на нашите сограѓани Албанци, но и генерално на Албанците, да го честитам Денот на албанската азбука — ден којшто за мултиетничка држава како што е нашата значи многу и додава вредност во кохезијата којашто ја имаме во нашето општество. Нека е честит денот и нека е со многу успеси и за арно да е. Сега би сакал да кажам неколку збора за самиот денешен настан. За нас претставува задоволство што можеме да го отпочнеме овој начин на соработка помеѓу двете земји, помеѓу Албанија и Македонија, бидејќи „One stop shop“ системот ќе го олесни транспортот на патници. Слушнавте, неколку милиони годишно го поминуваат овој граничен премин, а на тој начин дополнително ќе ги доближи и онака блиските две земји, Македонија и Албанија. Очекувам овој начин на комуникација да продолжи и на другите гранични премини коишто ги имаме со нашиот западен сосед, Албанија, и на тој начин дополнително да ги зголемиме врските помеѓу граѓаните од двете страни на границата. А исто така, беше кажано при оној воведен дел, презентацијата како сето ова ќе функционира, „One stop shop“ системот ќе додаде вредност и во делот што значи зголемување на туризмот и туристичкиот потенцијал коишто го имаат двете земји. Кога зборувам за двете земји, тука мислам на Охридското крајбрежје, Охрид и Струга, како и останатите општини кои гравитираат, и секако морето во Албанија. Би сакал на крај да му се заблагодарам на министерот за внатрешни работи, на колегите од Владата, на вработените од МВР, царината и сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, и би сакал да изразам голема благодарност до мојот голем пријател, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, за неговата лична поддршка што ја даде да ова денеска стане реалност.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју! Фудбалерот на Бока Јуниорс, аргентинскиот репрезенативец, Леандро Паредес, се онесвести додека даваше изјава по победата над Атлетико Минеиро (2:0) во финалето на Копа Судамерикана.Аргентинскиот репрезентативец разговараше со новинар од телевизијата „DSports“ кога одеднаш му се слоши, по што ја изгуби свеста и падна на земја. Новинарот се обиде да го задржи, но не успеа, па присутните веднаш притрчаа да му помогнат на 32-годишниот играч за врска. Паредес имаше потешкотии и за време на натпреварот поради високата температура и влажноста во Баранкиља, Колумбија, поради што во 58-мата минута побара да биде заменет. Откако му беше укажана медицинска помош, капитенот на „Бока“ дојде при свест и замина во соблекувалната, а потоа, според аргентинските медиуми, беше пренесен во болница на дополнителни прегледи. https://www.instagram.com/reel/DgCMIY8oLlc/?utm_source=ig_embed Според првичните информации, причина за губењето на свеста би можел да биде пад на крвниот притисок предизвикан од исцрпеност и високи температури. Инаку, со победата над бразилскиот претставник, „Бока“ го освои својот прв голем континентален трофеј по 18 години. https://www.instagram.com/reel/DgBwjzDB4cS/?utm_source=ig_embedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33