Во Полска е пронајден фосил на крокодил, стар 17 милиони години - Канал 5

Во Полска е пронајден фосил на крокодил, стар 17 милиони години

Полските палеонтолози открија фосилизирани остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години во југозападна Полска, што е исклучително редок наод за овој дел од Европа.

Во Полска е пронајден фосил на крокодил, стар 17 милиони години

Остатоците се пронајдени во рудник за јаглен во близина на градот Гоздница во регионот Долна Шлезија, а според експертите, станува збор за вид кој живеел за време на средниот миоцен, геолошки период кој траел од пред околу 23 до 5 милиони години.

Драгоцено откритие

Фосилите вклучуваат делови од череп, заби и фрагменти од скелети, а прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за крокодил од семејството гавијали или негов близок роднина. Овие крокодили потоа живееле во потопла и повлажна клима што преовладувала во Европа.

Научниците велат дека ова откритие е важно бидејќи фрла нова светлина врз тоа како овие влекачи се ширеле низ Европа и се прилагодувале на промените во животната средина. Тие исто така истакнуваат дека наодите од овој вид во Европа можат да се избројат на прстите од едната рака, што го прави ова откритие исклучително значајно за европската палеонтологија.

Откритието претставува најсеверниот доказ за крокодили од миоценската епоха, објави јавниот радиодифузен сервис ТВП Ворлд. Истражувањето продолжува, а тимот се надева дека понатамошните ископувања ќе пронајдат повеќе фосилен материјал што би можел да помогне во попрецизно одредување на видот и реконструкција на неговото живеалиште.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен

Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен, а денес добива нов лик- нашето културно наследство  е главната туристичка понуда.

Мицкоски: Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен

„Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми и не случајно секторот туризам го додадовме до Министерството на култура и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат односно богатото културно наследство.

Овој објект овдека, оваа населба овдека и заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го посетуваат Охрид.

Јас му честитам на директорот за посветената работа изминатиов период откако е директор се разбира затоа што и самиот кажа дека 7 години буквално ништо не било направено како што можете да видите денеска комплетно ликот на ова прекрасно место е изменет и делува сосема поинаку споредено со состојбата од пред година и пол, две.

Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид.

Така што кога имаме една ваква енергија којашто се обединува помеѓу локалната и централната Влада тогаш резултатите и успехот се неизоставени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на целосно санираниот Музеј на вода, наколна населба во заливот на Коските во Охрид.

YouTube video

Во Пехчево започна Фестивалот на дувачки оркестри и Етно саемот „Пехчевски Павловден“

 Со настапите на Џамбо Агушеви оркестар, Дејан Петровиќ Биг Бенд, Кверкус Бенд, како и ди-џеј сетот на DJ BONO по полноќ, синоќа  беше отворен Фестивалот на дувачки оркестри - Пехчево 2025. 

Во Пехчево започна Фестивалот на дувачки оркестри и Етно саемот „Пехчевски Павловден“

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, кој го отвори фестивалот, изјави дека овој настан претставува мост меѓу генерациите и дел од културниот идентитет на градот.

-Овој фестивал е дел од културната душа на Пехчево. Тоа е настан што го поврзува старото и новото, искуството и младоста, рече Китански пред присутните.

Фестивалот кој се одржува 15-та година по ред продолжува вечерва (12 јули, сабота) со програма што започнува во 19:00 часот, на која ќе настапат: Music Talent Show, детскиот фестивал „Поточиња“, дувачки оркестар Владимир Ивановиќ (Србија), дувачки оркестар Данијела (Србија), Brass Brothers.

Во рамки на настанот започна и 17-тото издание Етно саем ,,Пехчевски Павловден" на кој посетителите за времетраење на фестивалот може да уживаат во традиционални производи, занаети и локална гастрономија.

Организатор е Општина Пехчево, со поддршка од културни институции и локални партнери.

притисни ентер