ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
2ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
СветВо Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за БелгијаПеруанската полициска единица за борба против шверцот со дрога заплени 3,4 тони кокаин што требало да биде скриен меѓу банани наменети за Белгија, соопштија локалните власти.- Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура (во северозападниот дел на земјата), со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу. Конфискуваната дрога потекнува од регионот познат по одгледување кока, наречен ВРАЕМ (VRAEM – Valle de los Ríos Apurímac, Ene y Mantaro на шпански јазик, или Долината на реките Апуримак, Ене и Мантаро), прецизираше претседателот на Перу, Хосе Хери. За време на операцијата, спроведена во средата, полицијата запрела камиони кои превезувале над 3.000 пакети со кокаин до склад за банани за извоз. Тој се наоѓа на околу 100 километри од пристанишниот град Паита, појаснија властите. Генералот Нилтон Сантос, началник на полициската единица за борба против наркотиците, рече дека операцијата е спроведена заедно со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА). Тој посочи дека вредноста на запленетиот кокаин надминува 68 милиони долари (58,4 милиони евра).Тагови: Белгија кокаин Перу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ФудбалФИФА го кочи трансферот на Реал вреден 120 милиони евраОфицијалната објава за преминот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу двете агенции што го застапуваат играчот. Во конфликт се „Максидел менаџмент“ (Maxidel Management), во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“ (Roc Nation), мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, агенцијата што посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со „Рок Нејшн“ – агенцијата што моментално го застапува играчот – и дека притоа бил прекршен нивниот претходен договор, пишува „АС“ (AS). Поради овој судир на агенциите дури и познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо минатата недела објави дека Диоманде договорил трансфер во Реал Мадрид за сума „поголема од 100 милиони“, а подоцна ESPN извести дека станува збор за трансфер вреден 122 милиони евра, плус дополнителни десет милиони во бонуси. Поради лошата објава на Романо се огласи и германскиот Лајпциг. Директорот на РБ Лајпциг, Филип Хинце, остро реагираше кон новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е веќе договорен: „Некои таканаречени експерти пред неколку дена напишаа дека трансферот е завршен и извикаа ’here we go‘ [препознатливата фраза на Романо – заб. на уред.]. Но, тоа не е точно; сè уште не сме стигнале до таа фаза“, изјави Хинце. Спорот не е само внатрешно прашање меѓу двете компании, бидејќи директно влијае на трансферот меѓу германскиот клуб и Реал Мадрид. Според прописите на ФИФА, оваа ситуација би можела да ја искомплицира регистрацијата на играчот. Реал Мадрид тврди дека не биле запознаени со спорот и сметаат дека тој не се однесува на клубот. Тие очекуваат конечната одлука да биде во нивна корист, иако трансферот моментално е во мирување. Едно од предложените решенија е издавање привремена дозвола за Диоманде додека не се решат правните аспекти на договорот, со оглед на тоа што сите други услови се веќе договорени. Износите и распоредот на плаќањата кон Лајпциг се утврдени, документацијата е подготвена, а договорот на играчот е изготвен. Сепак, конечната одлука зависи од ФИФА, која ја има примено жалбата и моментално ја разгледува. Меѓународното фудбалско тело строго ги регулира активностите на агентите и има овластување да го одложи, па дури и да го одбие внесувањето на трансферот во системот доколку постои спор во врска со правата за застапување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Драма во Србија, спасено момче заглавено на карпа висока 15 метриПогледнете ја акцијата за спасување на момче заглавено на карпа висока 15 метриДрамата во манастирот „Преображение“ во Овчар Бања заврши со успешна акција на пожарникарите-спасувачи, кои безбедно ги спуштија од стрмната карпа висока 15 метри заробеното момче и двајцата монаси, кои први пристигнале на помош. Вистинската драма се одвиваше синоќа во близина на манастирот „Преображение“ во Овчар Бања, кога момчето се искачи на непристапна карпа висока околу 15 метри, од која не можеше безбедно да слезе. Момчето дошло во манастирот со своите родители по повод празникот Преображение, кога во манастирскиот двор имало голем број верници и деца. Во еден момент, тоа се оддалечило и се искачило на стрмна карпа, а ситуацијата станувала сè поопасна. Кога виделе дека детето е во неволја, двајца монаси тргнале кон него за да се обидат да му помогнат, но и тие се нашле на непристапен терен. Набрзо на местото на настанот пристигнале припадници на Противпожарната и спасувачка единица и ја започнале сложената операција за извлекување. Со брза, смирена и професионална интервенција, пожарникарите-спасувачи успеале безбедно да ги спуштат момчето и двајцата монаси. Операцијата завршила без повреди, а детето било вратено кај родителите. Првите фотографии од местото на настанот сведочат за тешкиот терен на кој се одвивало спасувањето, но и за присебноста и храброста на припадниците на Противпожарната и спасувачка единица. Во знак на благодарност за успешното спасување, еден од монасите им подари икона на пожарникарите. Уште една интервенција беше успешно спроведена – без повреди и со безбедно враќање на детето во прегратките на родителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЖивотМЗ: Светска недела на доењетоДоење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира!По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето. Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства. По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09