МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата
1МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата
3Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
АвтомобилизамВо Париз се појави нова VW Буба како од цртан филм- ќе почне ли да се произведува? (ВИДЕО)Само неколку дена откако Фолксваген објави партнерство со продуцентите на нов анимиран филм, на улиците во Париз е снимен вистинскиот модел.Токму така, главниот протагонист на четири тркала во филмот Miraculous: Ladybug & Cat Noir е електричната верзија на Volkswagen Beetle, која го предводи стилското семејство на електрични Volkswagen за ID. Во соопштението за печатот, Фолксваген својот автомобил го нарекува „концепт на електрична Буба“, но ја остава иднината отворена без да открие дали е само концепт за претстојниот анимиран филм или нешто повеќе. Очигледно е нешто повеќе бидејќи ова не е само дигитален модел. Имено, автомобилот во природна големина е виден на настан поврзан со промоција на франшизата Miraculous во Париз. Автомобилот предизвика извонреден интерес, а во бројните фото и видео содржини на социјалните мрежи, сѐ погласни се апелите до Volkswagen да започне со производство на ваков автомобил. Да потсетиме, оригиналната Buba беше претставена во 1938 година, а новите модели во 1997 и 2011 година. Моделот беше прекинат во 2019 година, а оттогаш сѐ повеќе се шпекулира за враќање на автомобилот, во електрична верзија. На крајот на краиштата, Volkswagen го заштитува името e-Beetle.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијатаДенеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки. Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции. Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФерати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот патМинистерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија. Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање. На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија. Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедницитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачимеМакедонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски. Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04