Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
2Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
АвтомобилизамВо Париз е отворен саем з автомобили без присуство на големите светски брендови (ВИДЕО)По долго време, сведоци сме на враќањето на салонот за класични автомобили со сиот сјај што го носи светската автомобилска индустрија.Никогаш не беше ниту најголем, ниту најважен, но сега лесно може да стане најважен. Имено, како последица на кризата и пандемијата, салоните за автомобили станаа опасно ретки, некои дури и исчезнаа по повеќедецениска традиција, но овој францускиот, познат како Mondial de L'Automobile или Салон за автомобили во Париз, сепак преживеа. Сега, кога ги нема Женева и Франкфурт, сè е можно, дури и очите на автомобилскиот свет да гледаат само кон Париз, барем за некое време. Парискиот салон се враќа по четири години и не носи со две важни работи, електрификација и силни домашни сили. Да, парискиот салон е полн со сјај и се чини дека се обидува да покаже дека сѐ е нормално. Но, затоа што и годинава нема големи странски играчи, па на крајот сѐ се сведува на домашните сили и на оние од вториот ешалон. Велиме сепак затоа што мислиме на кинеските производители кои веќе се трн во око на европските диносауруси, а наскоро би можеле да тргнат на позначајно освојување на Европа. И додека европските бои ги бранат Французите кои го покажуваат најдоброто што можат во доменот на електрификацијата, новите алтернативни погони и имплементацијата на вештачката интелигенција, кинеските производители нудат многу конкретни најави. Пристигнаа моторите на Great Wall, BYD и други, а со нив и виетнамскиот VinFast, кој има големи планови. Ако ги бараме најголемите ѕвезди, ќе ги најдеме со домашни брендови. Фокусот е на Peugeot 408, автомобил кој лесно може да стане голем француски хит. По неговите стапки на базата Stellantis е џипот кој го донесе новиот Avenger, модел подреден на европскиот клиент. Кога станува збор за концептите, луѓето најмногу ќе ги интересира 4EVER, своевидна најава на Рено за нова „четворка“, која со Renault 5 ќе го понуди во електричниот опсег она што Captur и Clio го претставуваат во конвенционалната верзија. Во земјата на соништата, ќе го најдеме Alpine, спортист концепт со „класичен“ погон, но на водород. Дури и Dacia си даде здив, па заедно со својот прв хибрид, претставува и манифест, концептно возило за одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
ЕвропаСилен земјотрес регистриран во источниот дел на ТурцијаЗемјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. A 5.0-magnitude earthquake strikes southeastern Turkey. pic.twitter.com/UC9pmvkK3o — Beirut Wire (@beirutwire) July 18, 2026 Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
ФудбалТухел: „Виновен сум, но не жалам“ Селекторот на Англија, Германецот, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство.Германецот изјави дека не жали за ниту една измена и дека ја презема целосната одговорност врз себе. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не смета оти одлуките биле погрешни. „Ако некој треба да биде виновен, тоа сум јас. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Не жалам за моите одлуки; ги донесов врз основа на искуство, инстинкт и желба да му помогнам на тимот да победи. За жал, резултатот не беше таков каков што посакувавме“, рече Тухел. Англија водеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но Аргентина, предводена од Лионел Меси, успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да премине на формација со петмина во одбраната била донесена за да се запрат нападите на Аргентина. „По нашиот гол, Аргентина заигра со многу поголем ритам. Не успеавме да ги спречиме нафрлувањата ниту влегувањето на нивните играчи во шеснаесетникот. Затоа преминавме на систем со петмина во одбраната за да ги затвориме крилните позиции. Сепак, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на играта“, објасни тренерот.Тагови: Англија СП2026 Тухел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаЛевица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравјеИнформациите дека преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување. Површинска речна вода не смее непосредно да се вбризгува во мрежа наменета за вода за пиење. Пред воопшто да влезе во системот, таа мора да помине низ соодветен технолошки процес на прочистување, дезинфекција и контрола на нејзината хемиска и микробиолошка исправност. Доколку таков третман не постоел или бил заобиколен, тогаш не станува збор за техничка импровизација, туку за свесно внесување непроверена вода во инфраструктура од која директно зависи здравјето на десетици илјади жители. Последиците не се ограничуваат само на водата што во тој момент истекла од чешмите. Доколку загадена вода навлегла во главниот цевковод, постои сериозен ризик да бидат контаминирани примарната и секундарната мрежа, домашните инсталации, славините, бојлерите, резервоарите и другите делови од системот во кои водата се задржува. Токму затоа не е доволно водоснабдувањето едноставно повторно да се пушти по еден поволен примерок. Потребни се целосно испирање и дезинфекција на мрежата, повеќекратни анализи од различни точки и временски интервали, како и јасни упатства за домаќинствата, училиштата, градинките, угостителските објекти и здравствените установи. Ако загадувањето е од повисок степен, изложеноста не мора да настане само со пиење – ризик може да постои и при миење, капење и друг контакт со водата, особено за кожата и очите. Во такви околности, тврдењето на директорката дека заболувањето потекнувало од храна е неодговорен обид за прејудицирање на истрагата и растоварување на сопственото претпријатие и одговорност. Изјавата дека меѓу заболените имало лица што пиеле флаширана вода не го исклучува водоводниот систем, бидејќи водата од чешма се користи за подготовка и миење храна, миење садови, лична хигиена и голем број други активности. Доколку се потврди дека пумпите биле поставени и дека преку нив без претходен третман била внесувана вода во системот, кривичната одговорност мора да се утврдува по целиот управувачки и команден синџир. Не е доволно да се пронајде работникот што ја вклучил пумпата. Мора да се утврди кој ја донел одлуката, кој ја одобрил, кој го определил местото од кое ќе се црпи водата, кој бил должен да ја провери нејзината исправност, кој знаел дека не постои соодветен третман и кој, и покрај тоа, дозволил водата да стигне до домовите на граѓаните. Во најмала рака, директорот на јавното претпријатие задолжено за водоснабдувањето морал да знае за ваква интервенција во главниот систем или бил должен да знае и да ја спречи. Обвинителството не смее да остане во позиција на пасивно чекање на конечниот лабораториски наод. Резултатите од водата се неопходни за утврдување на причинителот, но доказите за тоа кој поставувал пумпи, кој издавал наредби и под кои услови се внесувала вода можат и мораат веднаш да се обезбедат. Левица бара итно времено отстранување на одговорните лица од ЈП „Комуналец“ Гостивар и од сите позиции преку кои можат да влијаат врз доказите, целосна независна анализа на водата и мрежата, јавно објавување на сите наоди и детална истрага за улогата на раководството на претпријатието и Општина Гостивар. Оваа катастрофа уште еднаш покажа дека корупцијата, неспособноста, импровизацијата и институционалниот фушерај немаат етничка припадност. Кога системот ќе потфрли, законите ќе се заобиколуваат и јавните претпријатија ќе се управуваат без одговорност, последиците не ги избираат своите жртви според тоа дали се Македонци, Албанци, Турци или припадници на која било друга заедница. Загадената вода тече низ истите цевки до секој дом, а институционалната негрижа подеднакво го загрозува здравјето на секој граѓанин. Токму затоа е крајно лицемерно со години да се користи етничката реторика како средство за прикривање на сопствената неспособност и корупција. Додека јавноста се дели по етнички линии, криминалот, неодговорното управување и распадот на институциите несметано ги погодуваат сите. Единствената поделба што денес навистина постои не е меѓу Македонци и Албанци, туку меѓу граѓаните кои ги трпат последиците и политичко-бизнис елитите кои со години управуваат без одговорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30