Во Охрид празничен Меѓународен атлетски маратон - Канал 5

Во Охрид празничен Меѓународен атлетски маратон

Вкупно 80 маратонци, од кои шест жени, досега пријавиле учество на 29-от меѓународен Охридски атлетски маратон што традиционално се одржува на 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Во Охрид празничен Меѓународен атлетски маратон
Стартот на трката долга 30 километри е предвиден за утре во 9 часот од кај караулата во Свети Наум, додека првите маратонци на целта на Кејот на Охридското Езеро во Охрид ќе пристигнат некаде 1:40 часа подоцна.

Честа оваа година да го означат стартот на трката ќе ја имаат првиот човек на Европската атлетска асоцијација (ЕАА), Свен Арне Хансен и претседателот на Балканската федерација, Добромир Карамаринов.


Охридскиот атлетски маратон е еден од потешките поради специфичната конфигурација на теренот, но од друга страна тој е исклучително атрактивен токму поради фактот што речиси постојано во текот на трката атлетичарите трчаат на самиот брег на езерото.

Според организаторите на трката, наградниот фонд за маратонот е мошне скромен, односно изнесува 800 евра за најдобриот, 400 за второпласираниот, како и 200 евра за третопласираниот маратонец. Во женска конкуренција наградите изнесуваат 500, 250 и 100 евра.

Досега најуспешен на Охридскиот маратон е Живко Стојчески, почесниот претседател на трката, кој петпати прв стигнал на целта.

- Работиме со скромни средства, но сепак некако успеваме да опстоиме и да ја одржуваме трката, благодарение на спонзорите, рече Стојчески, притоа повикувајќи ги Охриѓани во што поголем број да дојдат утре на Кејот на Охридското Езеро, да ги пречекаат атлетичарите и на тој начин и да ги мотивираат повторно да бидат дел од маратонот, а истовремено да придонесат за популаризација на самата манифестација.

Стојчески најави дека лично од свои средства со илјада евра ќе го награди оној атлетичар што шестпати ќе биде победник на маратонот во Охрид.

Маратон се одржува од 1976 година, а се до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година по повод Денот на осамостојувањето на РМ.

Рекордот на трката го држи Борислав Девиќ од СР Југославија, постигнат во 1993 година, со време 1:39:13. Кај жените рекордот и припаѓа на Србинката Ана Суботиќ која најдоброто време 1:55:23 го постигна во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство.

Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината.

Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права.

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров.

Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство.

На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела.

Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“.

Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“.

Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре.

Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец.

Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство.

Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер