Во ОАЕ досегашниот викенд петок и сабота се менува во сабота и недела за олеснување на бизнисот

Официјалниот викенд во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се менува во сабота и недела за да се олесни бизнисот со западните земји, соопшти раководството на таа држава од Персискиот Залив.

Од 2006 година, официјалниот викенд е петок и сабота, како и во другите земји со мнозинско муслиманско население на Блискиот Исток.

Новата работна недела од понеделник до петок стапува на сила во јануари.

Владините органи ќе донесат и нов распоред од четири и пол работни дена во неделата. Во петок ќе работат со скратено работно време, т.е. четири часа.

ОАЕ е првата земја во светот која ја скрати работната недела. Одлуката има за цел не само да ја зајакне економската конкурентност на земјата, туку и да го балансира бизнисот со личниот живот.

„ОАЕ ќе бидат подобро усогласени со глобалните пазари, ќе ги олеснат финансиските, трговските и економските трансакции со западните земји и ќе овозможат посилни деловни врски со мултинационалните компании со седиште во ОАЕ", јавија локалните медиуми.

Лени Кравиц го објавува својот 12. албум на два дена пред 60. роденден

Триесет и пет години по првиот албум, 60-годишниот музичар Лени Кравиц, кој во март беше почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, го објавува својот 12-ти албум.

Тоа е 12-тиот студиски албум на Лени Кравиц наречен Blue Electric Light, кој треба да излезе на 24 мај, два дена пред неговиот 60-ти роденден.

За време на неговата долга кариера, тој продаде 40 милиони плочи и освои четири последователни Греми награди за најдобар машки рок вокал.

На почетокот на годината, поранешниот американски претседател Барак Обама ја вклучи неговата песна Road to Freedom на неговата плејлиста на најомилени хитови од 2023 година. „Обама прави одлични плејлисти, тие имаат смисла“, рече Кравиц, кој свири на сите инструменти на неговите плочи, освен саксофон.

Но, Обама не случајно ја избра таа песна. Лени Кревиц напиша и музика за филмот за Бајард Растин, политички активист за граѓански права и организатор на Маршот во Вашингтон каде Мартин Лутер Кинг го одржа својот познат говор „Имам сон“.

Генчов: Христијан Мицкоски е можеби последната наша шанса на политичари што вредат

„Доколку Македонија биде надвор од ЕУ, ќе се разбудат историските сеништа“

Доколку Македонија биде надвор од ЕУ, ќе се разбудат историските сеништа. Со тек на време ќе се постави и зошто немаме една национална историја со не решени прашања кон Бугарија и Грција, со оживеани сеништа од минатото, прашање на време е кога ние ќе зборуваме за дарданското влијание во Македонија, илирското влијание, за спојот на илирска Македонија, за лека е мад, за мајката на Александар, Олимпија. Христијан Мицкоски е можеби последната наша шанса на политичари што вредат, од универзитет кој што има висока интелектуална врен и убеден сум дека не само што нема да не игра прозападно, но ќе биде најголемото прозападно изненадување секако, рече Александар Генчов во Само Вистина.

Љупчо Палевски е однесен во затворот во Шутка во 30 дневен притвор

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо пристигна во Македонија со комерцијален лет од Истанбул.

Палевски вечерва е екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром и пред малку е однесен во затворот во Шутка.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје, соопштуваат од МВР.

Од пред затворот во Шуто Оризари се јавува Андријана Лазова.

притисни ентер