Во неколку општини се реализира проектот Помалку храна на депанија, а повеќе по домовите

Ќе се организираат посети во училишта во шест општини кадешто, ќе се организираат јавни информативни  часови.

Во неколку општини во земјата се реализира проектот Помалку храна на депонија, а повеќе по домовите, чија цел е да поттикне вклученост на граѓаните, на младите, бизнисите, граѓанските организации во дебата и кампања за намалување на количината храна која се фрла и зголемување на помошта во храна за најсиромашните.

-Ова е иницирано бидејќи во земјава секојдневно на депониите, за жал, се фрлаат повеќе тони храна, а многу наши сограѓани се гладни, посочуваат од Здружението „Бирлик Јекипе" од Велес, кое го реализира проектот во соработка со здружението „Златно перо" од Битола.

Томе Трајков од Здружението „Бирлик Јекипе" од Велес вели дека во проектот се приклучиле нови граѓански организации, фирми, локални самоуправи од места кои до сега не се опфатени во мрежата на Банка за храна на Македонија. Исто така се организира и стрип награден конкурс „Помалку храна на депониите, а повеќе по домовите" и ќе трае во Повардарскиот и Пелагонискиот регион до 31 ноември годинава.

Ќе се организираат посети во училишта во шест општини кадешто, ќе се организираат јавни информативни часови, а освен што ќе се промовира конкурсот и темата за стрип, ќе се промовира идејата за Банкарство за храна

Планирано е и публикување на пригоден каталог од подобрите дела организирање на изложби од пристигнатите стрип дела, воедно и јавни промоции на Банкарството за храна во шестте града, како и мапирање со проверка на состојбата кај корисниците на социјална помош, народните кујни и корисници на хуманитарни акции.

Проектот започна на 1 септември, а ќе трае до 31 јануари 2020 и се реализира во неколку Општини Градско и Неготино во Повардарскиот и Битола,Новаци,Демир Хисар и Прилеп во Пелагонискиот регион.

Проектот ќе заврши со еднодневен Форум за развој и проширување на мрежата на Банка за храна на Македонија во јануари каде ќе се презентираат искуства од досегашното постоење на Банката за храна, од потребата за донирање на вишок на храна, а ќе се договараат идни активности./МИА

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри.

Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска. Земјотресот е почувствуван и во Загреб.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија. /МИА

Санкционирани 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече 131 меркa.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Три лица загинаа, а три се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса

Командата на силите за специјални операции на Украина денеска соопшти дека во синоќешниот напад со руски балистички ракети врз Одеса загинале три лица, а три се повредени.

Од друга страна, вооружените сили на Украина уништија два руски противвоздушни ракетни системи „бук“ во секторот Суми, се вели во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба „значително забрзување“ во испораката на оружје од партнерите за да и се овозможи на нејзината армија да се соочи со унапредувањето на руските сили на неколку фронтови.

„На Украина и треба значително забрзување во испораката на оружје за што поскоро да стигне до војниците на фронтот“, рече Зеленски.

Се огласи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој наложи „поголема и побрза испорака на оружје за специјалната воена операција во Украина“. /МИА

притисни ентер