СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
1СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
МакедонијаВо недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и МавровоВо недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025.Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти. Согласно Член 132 став (2) од Изборниот законик, доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина. Следствено, Член 132-а вели дека повторените избори од членот 132 став (2) за соодветната општина се одржуваат во рок најдоцна 60 дена по објавување на конечните резултати, при што нема да се применува условот предвиден во членот 132 став (1) од овој законик што се однесува на излезноста од една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Така, целиот прв круг за овие општини ќе се повтори, а новата изборна постапка ќе започне во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025. Вториот изборен круг за Локалните избори 2025 е закажан за в недела, кога ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во првиот изборен круг од Локалните избори 2025 беше извршен избор на градоначалник во 44 општини.Тагови: ДИК локални избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУДокументите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура. Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања. Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка. Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес. Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка. Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка. Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20