Во моментов активни неколку пожари, состојбата денеска не е толку критична - Канал 5

Во моментов активни неколку пожари, состојбата денеска не е толку критична

И понатаму се активни пожарите во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Дојран и Крива Паланка во атарот на селото Градец, информираат од ДЗС и ЦУК.

Во моментов активни неколку пожари, состојбата денеска не е толку критична

Но за разлика од вечрашниот ден кога силната брзина на ветрот ја отежнуваше работата на противпожарните екипи, денеска ситуацијата е подобра и се очекува некои од активните жаришта да бидат ставени под контрола. Најголема штета направил пожарот во Крива Паланка каде има починато лице, штети по гасоводот и опасност за куќите. Втор по критичност бил пожарот во Визбегово, каде дејствувале пожарникари и Армијата.

-Денеска во Крива Паланка состојбата е подобра за разлика од вчера кога изби голем пожар во близина на населеното место Лозаново вели за Канал 5 градоначалникот Сашко Митовски. На неколку места се уште гори, но се очекува денеска целосно да се изгаснат.

-Денеска можам да констатирам и со оглед на моменталната состојба на терен дека бе многу подобра од вчера. Имаме неколку активни пожари кои се од помал карактер, имаме еден новопојавен пожар во текот на денешниот ден но со оглед на температурните разлики од вчерашниот ден коишто се во наш прилог сметам дека денеска целосно ќе се локализираат сите потенцијални опасности коишто беа предизвикани од вчерашната огнена стихија,- изјави – Сашко Митовски – Градоначалник на К. Паланка.

Во близина на селото Николиќ откако вчера пожар зафати нискостеблеста шума над Дојран, и денеска има неколку активни жаришта. Градоначалникот Анго Ангов вели дека на терен се противпожарни екипи и војската.

-Имаме некои појави на оган во повисоките делови бидејќи на некој начин околу селото, од горната и долната страна е буквално се изгорено и сега помала опасноста од пристигнување на оганот до самите куќи. Меѓутоа на терен се екипите коишто будно ја следат ситуацијата и се надеваме дека денеска конечно ќе биде изгаснат овој пожар.Од утрово продолжува гаснењето на пожарот кај Дојранското езеро од грчка страна каде интервенираат грчки противпожарни авиони,- - изјави– Анго Ангов – Градоначалник на Дојран.

На неколку локации во меѓувреме пожарите се ставени под контрола, како во селото Орман во скопската населба Ѓорче Петров и кај Смилковско Езеро. Под контрола се и пожарите на депонијата во Шуто Оризари, во шумскиот предел кај Кочани, како и градската депонија Острец во Делчево.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Медведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите.

Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.

Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру.

Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

​Вистинска привилегија и голема чест е да се биде градоначалник на град со вековна историја, уникатни културни вредности и природни убавини кои се светско наследство. 

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Охрид е најзначајниот туристички бисер на Македонија, Охрид е нашата гордост и затоа нашата единствена цел е тој да продолжи да напредува, да обезбеди подобри услови за сите граѓани и генерациите што доаѓаат.

На мое големо задоволство денеска можам да кажам дека првата година од мојот втор мандат го одбележа континуитетот и динамиката на веќе започнатите проекти, но и низа нови сериозни капитални инвестиции кои ќе го подобрат квалитетот на живеење.

Како што ветивме, веќе е во тек изградба на современата катна гаража во централното градско подрачје, проект кој ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот и поголема функционалност на центарот на градот.

Особено значаен е и проектот за реконструкција и уредување на плоштадот „Чинар“, со кој значително се подобри изгледот и функционалноста на еден од најпрепознатливите простори во старата градска чаршија. Нов лик доби и „Холандскиот парк“ каде што беше извршено комплетно партерно и хортикултурно уредување.

Продолживме со реконструкција и уредување на градските сообраќајници. Комплетно ги реконструиравме улиците „Прилепска“ и „Аџи Мустафа“, а реализиравме поголем зафат за асфалтирање на улици во населбата „Бараки“.

Го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти, со што жителите од овие две населени места добија директна и побезбедна поврзаност. Завршија и градежните активности за асфалтирање на улици во Горно и Долно Лакочереј, каде што претходно беше поставена примарна канализациона мрежа. Го реконструиравме патот кон село Завој, поставивме асфалт на патот до црквата „Св. Наум“ во село Орман и го асфалтиравме патот кон манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Куратица.

Завршен е проектот за реконструкција на водоводната линија на улицата „Кленоец“, заедно со изградба на атмосферска и фекална канализација. Исто така на оваа улица се поставува и нов асфалт на коловозот, со што решивме долгогодишни инфраструктурни проблеми и создадовме подобри услови за жителите од овој дел од градот.

Реализиран е значаен проект за замена на опремата во пумпната станица „Метропол“, со нови, енергетски ефикасни и автоматизирани пумпи, со што се обезбедува поголема сигурност и стабилност во водоснабдувањето.

Во делот на заштитата на животната средина, продолжуваме со реализација на проекти кои ќе имаат директно значење за зачувување на Охридското Езеро. Меѓу нив, особено би го издвоил проектот за изградба на пречистителната станица во Трпејца, со кој создаваме услови за современо управување со отпадни води и дополнителна заштита на езерото.

Почитувани,

Голем дел од нашите инвестиции се насочени и кон образованието, затоа што создавањето на подобри услови за младите значи вложување во иднината на Охрид.

Учениците од Лескоец добија современи услови за спортување и рекреација. Новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ овозможува подобри услови за наставата по физичко образование, но и нов простор за спортски настани и дружење.

Продолжуваме со големиот проект за реконструкција на гимназијата „Св. Климент Охридски“, еден од најзначајните образовни и историски објекти во градот. Во изминатите четири години тука инвестиравме над 100 милиони денари за целосна модернизација на објектот и создавање подобри услови за учениците и наставниот кадар. Продолжуваме да вложуваме и во ООУ „Григор Прличев“, со цел подобрување на условите за одвивање на наставата.

Посветено работевме и на подобрување на условите во детските установи, а реализирани се реконструктивни зафати во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, со што создаваме подобри услови за најмладите.

Грижата за младите не завршува со создавање на подобри услови во училиштата и спортските објекти. Продолживме со доделување на стипендии за учениците и студентите, затоа што веруваме дека знаењето, трудот и успехот треба да бидат поддржани.

Истовремено, направивме и важен чекор кон создавање нов простор за младите. Избрано е идејното решение за новиот Младински културен центар кој ќе биде лоциран во поранешната касарна. Од овој простор сакаме да создадеме место со нова функција, простор кој ќе им припаѓа на младите, каде што ќе можат да бидат креативни, продуктивни, да создаваат, да се дружат и да ги реализираат своите идеи. Најдоброто идејно решение е важна појдовна точка за следната фаза, а тоа е изработка на основниот проект и понатамошна реализација на Младинскиот културен центар.

Почитувани,

Охрид е град на спортот и културата и затоа во овој мандат продолживме со значителна поддршка на спортските клубови, спортистите, културните институции и манифестациите.

Оваа поддршка годинава доби и историска потврда. ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп и го донесе европското злато во нашиот град. Тоа е најголем успех во историјата на клубот и успех на кој како Охриѓани сме особено горди. Овој успех е потврда дека вложувањето во спортот, поддршката на клубовите и создавањето услови за развој на спортистите носат резултати.

Во културата и туризмот продолживме во континуитет да ги развиваме манифестациите кои веќе стануваат препознатлив дел од понудата на Охрид. Успешно се реализира петтото издание на Ohrid Wine Festival, четвртото издание на Ohrid Water Festival и четвртото издание на Ohrid Jazz Festival. Со овие настани создаваме нови содржини за граѓаните и туристите, го збогатуваме културниот и туристичкиот живот и придонесуваме за промоција на Охрид.

Паралелно со вложувањата во културата и спортот, продолжуваме одговорно да се грижиме за она што е највредно, нашето природно и културно наследство. Заложбите, посветеноста и заедничката работа на локалната и централната власт, институциите и сите чинители вродија со плод. Искрено се радувам на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион доби дополнителен рок до 2031 година за реализација на препораките. Оваа одлука претставува значајна можност, но и дополнителна одговорност за сите нас. Тоа значи дека во наредниот период ќе продолжиме уште поинтензивно со спроведувањето на мерките за заштита на природното и културното наследство.

Драги сограѓани,

Првата година од овој мандат е уште една година во која покажавме дека со работа, посветеност и одговорен однос можат да се реализираат конкретни проекти кои го менуваат Охрид. Пред нас е многу работа, нови проекти и нови предизвици.

Им благодарам на граѓаните за довербата и поддршката и на сите кои се дел од реализацијата на овие проекти им благодарам за вложениот труд, посветеност и соработка.

Продолжуваме посветено, со нашата јасна визија, Охрид да биде современ, функционален и развиен град, со своето заслужено место на светската туристичка мапа.

YouTube video

Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер