Во МНТ се подготвува „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн - Канал 5

Во МНТ се подготвува „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн

Во Македонскиот народен театар се подготвува претставата „Без галама“ според текстот на Мајкл Фрејн, во колективна адаптација, а во режија на Тони Михајловски.

Во МНТ се подготвува „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн

„Без галама“ е претстава во претстава, и зборува за тоа што се случува на сцената - она што публиката може да го види, но благодарејќи на ротирачката сценографија, дејствието на претставата се случува и зад сцената.

- Публиката ќе има можност да учествува во секој сегмент во создавањето на претставата, ќе ги види заткулисните пикантерии и „хаосот“ кој се случува зад сцената, што прават актерите кога не ги играат своите улоги и ќе ги открие сите тајни на една театарска магија. По големите успеси на претставата „Брачна игра“, за Михајловски ова е второ режисерско остварување во матичната куќа. Овојпат го одбира комичниот текст на Фрејн кој е еден од најдобрите и најиграните текстови во светската драматургија, а кој првпат се поставува во МНТ, соопшти Македонскиот народен театар.

Премиерната изведба е најавена за 31 март во 20 часот на големата сцена на МНТ. Во претставата играат: Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Јасмина Поповска, Камка Тоциновски, Нино Леви, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Емилија Мицевска и Стефан Спасов.
Сценограф е Татјана Христоска, костимографијата е на Ивана Кнез и Сињори, изборот на музиката е на Тони Михајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук.

Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

Учениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер