МакедонијаВо март раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и од 2,6 отсто на цените на мало на годишно нивТрошоците на животот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 %, објави денеска Државниот завод за статистика.Пораст на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5 отсто, свежото и разладеното овошје за 2.1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за еден процент, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.4 отсто, месото и жестоките пијалци за 0.2 проценти. Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај собирањето на отпадните води за 8.2 отсто, течните горива за домаќинствата за 7.4 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 6.8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.8 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 5.5 отсто, моторните возила за 3.0 отсто, гасот за домаќинствата за 2.3 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за седум отсто, снабдувањето со вода за 0.5 отсто, мебелот и покуќнината за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на станот, теписите и другите подни покривки, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 проценти. Намалување на трошоците на животот во март во однос на февруари е забележано кај рибата и морските плодови за 0.6 отсто и конзервираното овошје за 0.3 отсто. Исто така, намалување на трошоците на животот е регистрирано и кај медиумите за снимање за 0.9 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 отсто, обувките за 0.5 отсто, домашните миленици и сродните производи за 0.4 отсто и облеката за 0.2 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Црна Гора се појави опасната дрога со ликот на Доналд Трамп, полицијата алармира Полициските службеници преземаат зголемени активности на територијата на Будва насочени кон спречување на злоупотреба на дрога, заштита на здравјето на граѓаните и туристите, како и откривање и гонење на лица вклучени во улична продажба на дрога.Како дел од горенаведените планирани активности, полициските службеници извршија 53 заплени на наркотици во Будва во текот на викендот, при што приведоа 19 лица, додека против 30 лица беа поднесени кривични и прекршочни пријави за злоупотреба на дрога,пренесе Телеграф. По тој повод, беа запленети разни видови наркотици и психоактивни супстанции, вклучувајќи марихуана, кокаин, кетамин, амфетамин, хероин и екстази, како и таблети кои се на листата на психоактивни супстанции. Појавата на таблетите екстази на пазарот на дрога со препознатливата слика на американскиот претседател Доналд Трамп привлече посебно внимание од полициските службеници. Имено, таблетите со ист изглед беа предмет на здравствени предупредувања во некои европски земји поради присуството на многу опасни психоактивни супстанции, чијашто консумација може да претставува сериозен ризик за здравјето и животот на луѓето, вклучувајќи ненадејно зголемување на телесната температура, забрзано чукање на срцето и други опасни по живот последици. Евидентирани се две лица кои, по консумирањето на гореспоменатите таблети екстази, имале здравствени компликации поради кои биле хоспитализирани, што дополнително укажува на сериозните ризици поврзани со употребата на оваа психоактивна супстанца. Идентификувано е и лице осомничено за пласирање на овој вид опасна наркотична дрога на пазарот и продажба на територијата на Будва. Службеници на Одделот за безбедност на Будва поднесоа четири кривични пријави против четири лица до Вишото државно обвинителство во Подгорица и Основното државно обвинителство во Котор, поради сомнение за сторени кривични дела неовластено производство, поседување и пуштање во промет наркотични дроги и овозможување на консумирање наркотични дроги. По наредба на државниот обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица, поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство, поседување и дистрибуција на наркотични дроги, поднесена е кривична пријава против К.Д. (22) од Подгорица, во чие поседување се пронајдени 10 пакувања кокаин, осум пакувања марихуана и 15 рачно изработени цигари со марихуана, за кои постои сомневање дека биле наменети за понатамошна улична продажба. Кривична пријава за истото кривично дело е поднесена и против Р.М. (26) од Никшиќ, кај кого се пронајдени 17 таблети екстази, како и против М.Б. (31) од Подгорица, кај кого се пронајдени околу 150 таблети разни видови екстази. Исто така, по наредба на ОДТ во Котор, Црна Гора, кривична пријава е поднесена против К.Е., хрватски државјанин, поради сомнение дека сторил кривично дело олеснување на консумирање наркотични дроги.Тагови: дрога Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожариВо текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка на подрачјето на ПСГН Попова Шапка реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и РЦ ГР Север во Скопје и на Граничниот премин Долно Блаце спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај, укажувајќи им на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, при тоа информирајќи ги за функционирањето на системот „Безбеден град“. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.Тагови: безбеден сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦЛегалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар. На сила остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради. Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате. Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните? Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот. Почитувани, Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар. Нивна единствена намера е до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви. Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст. Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Диана Ристовска Додевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter