3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
КултураВо малешевското село Ратево почна карневалот „Бамбурци“Со дефиле на повеќе маскирани групи во коњски, магарешки, говедски, овчји, козји и свински кожи, рано утрово, пред изгрејсонце, во малешевското село Ратево почна карневалот „Бамбурци“. Прославата на православниот верски празник Собор на Свети Јован Крстител меѓу мештаните попознат како Јованден, во Ратево има долговековна традиција.Учесниците на карневалот од Малешевијата, од Пијанец, Тиквешко, Струмичко, Прилепско, како и од соседните Србија и Бугарија, шетаат по селските улици и повикуваат „...Малечко и гулемо, старо и младо, машко и женско, се што е живо и здраво и окато и сакато, да излезне на мегдане, та да види чудо невидено... !“. Повиците се придружени од клопатарци, клапки, свонци и прапорци и од цела сурија зурлаџии, тапанџии, гајдаџии и други свирџии. По утринското дефиле карневалската поворка ќе пристигне на селскиот плоштад, каде се одржува смотра на групните и поединечните маски и фолклорна ревија. Специјална жири комисија ќе ги прогласи најдобрите и ќе им додели награди и признанија, а сите учесници во програмата ќе добијат благодарници. - Од година во година карневалот „Бамбурци“ во нашето село станува се помасовен, а последниве две-три години со учеството на повеќе карневалски и фолклорни групи од соседните земји добива и меѓународен карактер, вели Атанас Валмарски, претседател на организациониот одбор. Тој од името на жителите на Ратево изразува благодарност до ЈКП „Услуга“, градоначалникот на Берово и до сите фирми и поединци од Општината кои материјално и финансиски го помогнаа организирањето и одржувањето на „Бамбурци“. Традиционалното малешевско гостопримство е главна карактеристика и на оваа манифестација. За сите гости и учесници се приредува заедничка празнична трпеза, која прераснува во општонародна веселба и завршува со песни и ора дури до доцните вечерни часови. Во текот на целиот ден, не само во Ратево, туку и во Пехчево и Берово и во сите малешевски села, се одвива вековниот обичај - именденска визита (физа). Роднини, пријатели, соседи ги посетуваат домовите на оние што го носат името Јован -Јованка, Ванчо-Вања и деминутивните и галовни форми Ване, Ванче, Јове, Јовка... им го честитаат празникот со зборовите „ Среќна слава и вечно нека е името !„. Домаќините -славеници ги почестуваат дојдените гости и намерници со малешевска домашна ракија со сирење и со други домашни специјалитети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднинатаОпштина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски. Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите. Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост. „Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски. Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда МараСо засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок. Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт. ➡️ Новиот мост ќе располага со: ✔️ Две коловозни ленти ✔️ Тротоари од двете страни ✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Cessna 210“ се урна во Мексико.Воздухопловните власти потврдија дека леталото паднало набргу по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго. Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време. Леталото се упатило кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ во сојузната држава Морелос. Breaking News - Mexico Plane Crash A Cessna 210 aircraft (registration XB-AZG) crashed in the Venta Prieta neighborhood of Pachuca, Hidalgo, Mexico, crashing into Avenida El Tezontle just minutes after departing the Ingeniero Juan Guillermo Villasana Airport The pilot, Moisés González Meléndez and co-pilot, José Jaime Jarqu ín Ramos, died at the scene. — ArchonicMatrix (@ArchonicMatrix) November 3, 2026 Авионот се урнал само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, врз авенијата „Тезонтеле“ во населбата „Вента Приета“. Местото на падот се наоѓа на приближно 500 метри од почетокот на пистата, надвор од аеродромскиот комплекс. Започната е истрага Од „AFAC“ соопштија дека двете лица кои се наоѓале во авионот загинале, а започната е и административна истрага за да се утврди причината за несреќата. На местото на настанот пристигна персонал од управата на аеродромот „Пачука“ за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи. Властите сè уште не ги објавија идентитетите на жртвите, ниту детали за нивните улоги во авионот. Во моментов нема официјални информации за евентуален технички дефект, временски услови или други околности што можеле да влијаат врз летот. Исто така, не е потврдено дали има повредени лица на земјата, ниту дали е причинета штета на објекти или возила. „ Cessna 210“ е едномоторен авион што се користи во приватната и општата авијација.Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00