Во Лондон средба Заев - Пленковиќ: Успехот на Македонија е израз на реформите

Претседателот на Владата  Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70 годишнината од постоењето на Алијансата оствари средба и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

На средбата двајцата премиери се согласија дека успехот на Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во Алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики.

Премиер Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Северна Македонија и дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО, стои во соопштението од владината прес служба.

На средбата заеднички е констатирано дека позитивниот момент е одлична мотивација за исправање на грешката на ЕУ кога на последниот самит на Европскиот Совет не беше одобрено стартувањето на преговори со Македонија и дека во претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, треба да се создадат сите неопходности Македонија да го започне и овој процес.

Тоа, беше речено на средбата, е силен мотив за продолжување на реформите во земјата, а комплетирањето на евро-атлантските аспирации на Македонија е од посебно значење и за одржливиот мир и стабилност на регионот.

„Најжешката“ атлетичарка се пласира на Олимписките игри, но платата ѝ била премала (ФОТО)

Една од најатрактивните спортистки на светот, атлетичарката Алиса Шмит обезбеди пласман на Олимписките игри во мешана штафета 4х400 метри.

Очигледно спортскиот успех не е проследен со очекуваната заработка од спортот.

Имено, атрактивната Германка привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави, па е дел од кампањите на бројни брендови со кои има спонзорски договори. Заработува и од социјалните мрежи каде има околу 5 милиони следбеници.

Сепак, оваа дваесет и петгодишна девојка, која годинава ќе дебитира на Олимписките игри во Париз, не е презадоволна од „скромната“ плата. Имено, Алиса откри дека нејзините главни приходи доаѓаат од германска спортска фондација и дека изнесуваат околу 700 евра.

Адеми: Сиљановска Давкова го прекрши Уставот

Од ДУИ веднаш реагираа зошто Сиљановска не го употребувала уставното име на државата при давањето на заклетвата…

Арбр Адеми ја обвини претседателката дека уште првиот ден го прекршила Уставот….

Силен земјотрес од 6,4 степени го погоди Мексико, засега нема информации за причинета штета

Исклучително силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 75 километри во близина на брегот на Чиапас, на 37 километри од Тапачула.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ, граѓаните велат дека земјотресот бил „силен и траел долго“.

Според сведоштвата на луѓето, земјотресот бил почувствуван и во Гватемала, на повеќе од 150 километри оддалеченост од епицентарот.

„Нѐ разбуди“, напишало лице од Гватемала.

притисни ентер