Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
1Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
Шоу бизСергеј Трифуновиќ тајно се венча со 28- годишната Исидора (ФОТО)Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ неодамна ја запроси својата две децении помлада девојка Исидора Мијановиќ, а денес, 12 мај, се венчаа и кажаа „да“ пред Бога.Тие направија црковна венчавка и по тој повод организираа ручек за семејството и најблиските. Исидора блескаше во венчаница од тантела со цветни детали, а имаше и превез на главата. Се појави првата фотографија од венчавката, а како изгледа Исидора погледнете во продолжение. Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека Исидора е во блажена состојба. Таа на својата приказна на Инстаграм објави фотографија од детски машки чевли, а многумина тогаш се запрашаа дали убавата свршеница на Сергеј Трифуновиќ е бремена, објави Телеграф. По нејзината објава коментарите на мрежите продолжија. „Дали е ова можно?“, „Убава“, „Ако е вистина, ова е убава вест“, се само дел од коментарите. Инаку, Исидора неодамна наполни 28 години, а венчавката, како што рече, ја планирале до крајот на годинава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖена фрла ѓубре во Лепенец (ВИДЕО)На видеото се гледа како таа пристапува до брегот со автомобил „Порше“, го фрла отпадот во реката и потоа си заминува.Утрово пред телевизијата Канал 5 е снимен момент на кој, според видеото објавено на порталот „Курир“, се гледа жена како со автомобил марка „Порше“ застанува во близина на мостот кај реката Лепенец, по што излегува од возилото со кеса и ја фрла во реката. Снимката предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради начинот на кој е одложен отпадот и фактот што станува збор за водотек. На видеото се слуша и глас како ѝ довикува на жената: „Фрлај, фрлај“. Просторот околу реката Лепенец подолг период се соочува со проблем со наталожен отпад. Иако надлежните јавни комунални служби редовно интервенираат со чистење и одржување на просторот, несоодветното однесување на поединци придонесува за повторно создавање на диви депонии и дополнително загадување на околината. Несоодветното одлагање отпад не претставува само естетски проблем, туку може да има негативно влијание и врз животната средина, особено кога отпадот се фрла директно во река. Од Канал 5 потсетуваат на потребата од одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со цел да се зачува животната средина и просторот во кој сите живееме. Снимката предизвика остри реакции и револт кај граѓаните, особено поради фактот што локацијата е точно кај устието каде Лепенец се влева во Вардар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Северина ужива во летотоБалканската музичка ѕвезда Северина го сумираше своето лето со нова фотогалерија, а меѓу бројните сцени се најдоа моменти покрај морето, атрактивни модни изданија, вечери и дружења. – Од самрак до зора – напиша пејачката во објава на Инстаграм, придружена со пораките „Сакам што се сакаме“ и „љубовта возвраќа со љубов“. Атрактивната Севе ја отвори галеријата со фотографија направена покрај море, за време на зајдисонце. Позираше во долг, тесен бел фустан од тантела со длабоко деколте и обемни ракави, а изгледот го надополни со очила за сонце. Исто така, претстави и неколку други летни комбинации, меѓу кои се издвојуваше еден сив комплет со необичен крој, кој се одликуваше со отвори и метални детали. Тагови: Северина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛСЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, аргентинскиот волшебник Лионел Меси ја прослави титулата во Купот на шампионите со Интер Мајами, но прославата беше одбележана и со судир со комесарот на МЛС, Дон Гарбер.Во финалето на Кампеонес куп, Интер Мајами го совлада Круз Азул со 2–0 во финалето, а Меси беше еден од јунаците на победата. Тој го постигна првиот гол – неговиот стоти за Интер Мајами – и запиша асистенција за вториот погодок. Сепак, по доделувањето на трофејот, вниманието го привлече сосема поинаква сцена. Камерите снимија вжештена вербална расправа меѓу Меси и Гарбер. مفوض الدوري الأمريكي دون غاربر يطلب من ميسي شيئًا ما، ولكن ليو رفض ذلك وهو غاضب 😡 https://t.co/GYpudUHD9s — Messi World (@M10GOAT) September 17, 2026 Аргентинецот му се обрати на комесарот на МЛС не само еднаш, туку двапати. На снимката се гледа како Гарбер му вели нешто на Меси, по што фудбалерот го одбива неговото барање и продолжува со разговорот, видливо незадоволен. Според информациите што се појавија по натпреварот, Меси за време на расправата рекол: „Не со мене“. Исто така, по церемонијата на доделување медали и подигнувањето на трофејот, Меси повторно луто му пријде на Гарбер и повторно му рече нешто. Messi is beefing with commissioner Garber? Confronts him twice! Wonder what he said https://t.co/TsKEn8ic74 — MLS Moves (@MLSMoves) September 17, 2026 Тагови: Интер Мајами Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter