Во Либан избувна антисириско насилство, тепаат Сиријци по улици и им ги кршат автомобилите - Канал 5

Во Либан избувна антисириско насилство, тепаат Сиријци по улици и им ги кршат автомобилите

Привремениот министер за внатрешни работи на Либан рече дека овонеделното убиство на локален политичар од, како што велат властите, банда сириски државјани ја сигнализира потребата да се ограничи бројот на бегалци кои влегуваат во земјата од Сирија.

Во Либан избувна антисириско насилство, тепаат Сиријци по улици и им ги кршат автомобилите

Басам Маулави, исто така, ги повика Либанците да покажат воздржаност поради зголемените тензии околу убиството на Паскале Сулејман од христијанско-националистичката партија Либански сили. Убиството на политичарот резултираше со антисириско насилство и ги влоши политичките тензии меѓу длабоко поделените Либанци.

Либанските воени претставници изјавија дека Сулејман бил убиен во северен Либан за време на грабеж, но партијата Либански сили се сомневала дека има политички мотиви. Малата медитеранска земја со над 6 милиони луѓе е домаќин на околу 785.000 регистрирани сириски бегалци, според податоците на Агенцијата на ОН за бегалци.

„Гледаме сѐ повеќе злосторства извршени од Сиријци“, рече Мавлави на прес-конференција по состанокот со безбедносните и воените претставници. Тој додаде дека околу 35 отсто од затворениците во либанските затвори се сириски државјани.

„Сириското присуство во Либан мора да биде ограничено, а ние им ја нагласивме на безбедносните сили потребата од строго спроведување на либанските закони за раселените Сиријци“, рече тој. Се појавија и снимки од гневните Либанци како тепаат Сиријци на улиците и уништуваат автомобили со сириски регистарски таблички во различни делови на земјата.

Сулејман исчезна во неделата, а неговото тело беше пронајдено следниот ден. Убиството, исто така, ги влоши политичките и секташките судири меѓу отцепените политички групи во Либан. „Ги повикувам Либанците да бидат рационални и да не се вовлекуваат во реакции и инциденти кои ѝ штетат на безбедноста“, нагласи Мавлави, повторувајќи ја изјавата од кабинетот на премиерот Наџиб Микати.

Партијата „Либански сили“ е најотворениот противник на исламската милитантна група Хезболах, што поттикна обвинувања дека Хезболах е вмешан во убиството на Сулејман. Противниците на Хезболах ги критикуваат тековните судири на милитантите со израелската армија, стравувајќи дека војната може да се прелее во Либан.

Неименувани судски службеници потврдија за Асошиетед прес дека во врска со убиството се уапсени една жена и двајца мажи, кои наводно признале дека работеле за банда чиј водач е во Сирија. Сулејман се спротивставил да му го украдат автомобилот и напаѓачите го удирале неколку пати со задниот дел од пиштолот пред да го фрлат во багажникот каде најверојатно се задушил, рекоа официјални лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамика

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамика

- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган.

- Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Вообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога  17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. 

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот.

Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците.

Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен.

-Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац .

Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот.

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “.

А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена.

Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер