Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс
1Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
2Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс
КултураВо Лабораториум се отвора првата изложба од програмата „Нови Лица“ – фотографски проект на младата авторка Јана НасковаЈана Наскова е родена во Скопје во 2001 година. Дипломирала интердисциплинарна програма по либерални уметности и науки, со фокус на филм, филозофија и литература, во Амстердам, Холандија.На 11 јуни со почеток во 20ч, во културно-едукативниот центар Лабораториум ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамки на иницијативата „Градски ѕид за Нови Лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која Лабораториум ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци од независната културна сцена. Во текот на изминатиот месец, Наскова работеше под менторство на реномираната фотографка Еџе Али, развивајќи авторски фотографски проект инспириран од урбаниот простор околу неа. Јана Наскова е родена во Скопје во 2001 година. Дипломирала интердисциплинарна програма по либерални уметности и науки, со фокус на филм, филозофија и литература, во Амстердам, Холандија. Нејзиниот професионален и активистички ангажман опфаќа работа во младински организации, образование, медиуми и граѓански иницијативи. Нејзината работа се движи на пресекот помеѓу уметноста, општествената ангажираност и личниот наратив. Проектот „Нови Лица“ има за цел да открие, поддржи и промовира нови автори од македонската независна уметничка и креативна сцена. По јавен повик, стручно жири составено од културни работници, професори, уметници и професионалци избра осум млади артисти и креативци кои до крајот на оваа година ќе поминат низ едномесечни менторски резиденции. Секој учесник работи со искусен ментор кој го насочува и поддржува неговиот креативен процес, со цел создавање на ново авторско дело што ќе биде јавно презентирано во Лабораториум. Изложбата на Јана Наскова е прва во низата од осум изложби, презентации и јавни настани во склоп на овој проект, кои ќе се реализираат до крајот на годината, претставувајќи ги резултатите од соработката помеѓу младите автори и нивните ментори. Лабораториум е приватен културно-едукативен центар во Скопје, кој во изминативе две и пол години функционира како простор за независна култура, едукација и социјализација. Со над 550 реализирани настани, меѓу кои работилници, изложби, концерти, театарски претстави, креативни базари, кино-проекции, радио програми и други активности, Лабораториум изгради динамична заедница на млади уметници, креативци и проактивни граѓани, при тоа поттикнувајќи нови форми на соработка и културно учество. Иницијативата „Нови Лица“ се реализира во рамки на проектот „Култура за развој“, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Хартефакт Фонд. Изложбата е отворена за јавноста, а влезот е слободен.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рисБројни странски и регионални проучувачи на рисот во Европа ќе се сретнат во Вевчани, каде што од 12 до 14 октомври ќе се случува деветтата средба на „Еуролинкс“ во организација на Македонското еколошко друштво.„Еуролинкс“ (EUROLYNX) претставува европска научна иницијатива за споделување податоци и знаење за екологијата на движењето на евроазискиот рис, основана во 2018 година. Замислена како просторна база на податоци, „Еуролинкс“ ги чува податоците за евроазискиот рис (Lynx lynx) што засега ги споделуваат 42 групи од 19 земји. Меѓу нив е и Македонското еколошко друштво (МЕД) кое преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис веќе 20 години работи на зачувување на овој загрозен подвид на евроазискиот рис. „‘Еуролинкс‘ е платформа што спојува научници од Европа со иста пасија и научна цел - проучување на рисот. Ова е прилика да се споделат новите истражувања од областа и да се остварат соработки од поголеми размери, со фокус на цели популации на рисот. Така значително се збогатуваат сознанијата и се стекнува подетална слика за трендовите и поврзаностите меѓу популациите на континентално ниво. Средбата е од затворен карактер и е наменета само за членовите на ‘Еуролинкс‘. Тоа што МЕД е домаќин на ваков настан е афирмација на нашата долгогодишна научноистражувачка работа, но и признание од научната фела дека нашата организација е дел од една поголема заедница на научници“, вели Александар Павлов, биолог кој е во тимот на МЕД што работи на закрепнување на балканскиот рис. Податоците што се достапни преку овој отворен информациски систем овозможуваат да се истражи однесувањето на рисот во неговите живеалишта и да се евидентира како неговите популации реагираат на промена на живеалиштата, разни човекови активности, густината на пленот или методите на одгледување добиток. Со оглед на тоа што ваквите теренски поткрепени информации пристигнуваат од повеќе земји, „Еуролинкс“ дава одлична основа за компаративни теориски и применети истражувања за однесувањето и екологијата на рисот на европско ниво. Евроазискиот рис е голем грабливец од семејството на мачките (Felidae) и е најголем од шесте вида во родот Lynx. Благодарение на неговиот широк ареал и стабилните популации низ Евроазија, на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата спаѓа во категоријата „најмала загриженост“ (LC). Меѓутоа, одредени изолирани популации во Централна Европа поединечно се сметаат за загрозени, како што е и популацијата на балканскиот рис која денес населува мала површина од Балканскиот Полуостров. Иако евроазискиот рис се вратил во некои од своите историски живеалишта, сепак не е имун на човековите активности. Меѓу најсериозните закани за него се криволовот, губењето и фрагментацијата на живеалиштата и вкрстувањето меѓу блиски сродници во многу мали популации во Централна Европа, што доведува до генетско ослабување на популациите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „ПулсВо кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс“. Продолжува судењето за „Државна лотарија“, во кое обвинети се Артан Груби, Перпарим Бајрами и уште шест лица.Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари. Во случајот треба да продолжи доказната постапка, по сведочењето на директорот Владо Петковски. Во Кривичниот суд продолжува и судењето против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов. Треба да сведочат родителите во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени 350.000 евра.Претходно сведочеше Фехми Стафа, кој негираше дека примил 20.000 евра за влијание врз ристов.одбраната тврди дека обвинението нема доволно издржани докази, додека обвинителството посочува дека има материјални и електронски докази.во судницата во „Идризово“ продолжува и судењето за пожарот во дискотеката „Иулс“ во Кочани.Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, а предметот се наоѓа во доказна постапка.по завршувањето на доказите на обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
КошаркаСе гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања. Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање. „И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“. Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години. Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп. Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување. Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook