Во Куманово мирно, блокирани две улици и зголемено полициско присуство/обновен

Во Куманово е мирно. Дел од улиците од ноќеска се блокирани за сообраќај и забележливо е зголемено полициско присуство во центарот на градот. Во овој дел од Куманово се лоцирани повеќе институции, државни и општински, кои функционираат непречено. Судот и Општината работат, а граѓаните нормално се движат.

Блокирани улици во центарот на Куманово и зголемено полициско присуство ги збунија кумановци. Улиците „11 Октомври“ и
„Тодор Велков“ каде се стационирани клучни објекти, државни и локални институции од ноќеска се обезбедени од македонските безбедносни сили. Градоначалникот на општина Куманово, Дамјановски апелираше на смиреност и го повика Министерството за внатрешни работи да објасни што се случува во Куманово.

- По завршување на дејствата од минатиот викенд немаше блокади, градот беше отворен, а сега имаме засилена безбедност, рече Дамјановски. Го замолувам МВР што поскоро да излезе со информации за македонската и пред се за кумановската јавност, да даде објаснување што се случува во градот, рече градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
И покрај тоа, вработените во овие институции се на работните места а граѓаните си ги вршат секојдневните работи.
Неколку дена по судирите на полицијата и вооружената група, кумановци велат дека нема простор за паника и дека се чувствуваат безбедно.
Инаку, годинешниов матурски бал и трубачите со кои секоја година кумановските матуранти дефилираат по улиците се откажани поради безбедносни причини. Ова денеска беше договорено на состанокот со Секторот за внатрешни работи и директорите на средните училишта. Деновиве во училиштата ќе се изведува настава со скратени часови.


Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер