Во куќа вредна 35 милиони евра во Париз, најден труп стар 30 години

При реставрација на напуштена резиденција во една од најпрестижните области на Париз , во подрумот било пронајдено распаднато тело што било таму 30 години, пишува „Гардијан“.

Огромната зграда на улицата „Одинот“ во центарот на Париз, на неколку минути од официјалната резиденција на премиерот и поранешниот дом на Ив Сен Лоран е празна повеќе од 30 години. Некогаш била дом на поетот и драмски писател Франсоа Копе, а некогаш убавата градина е напуштена од средината на 1980-тите и сега е целосно обрасната.

Престижната зграда конечно била продадена овој јануари од дискретна холандска компанија на аукција која траела едвај 15 минути. Била купена за 35,1 милиони евра од Жан-Бернард Лафонта, поранешен директор на инвестициската компанија Вендел, кој сега води сопствен бизнис.

Обемната работа на зградата, која е специјално заштитена, започнала овој февруари. Но, тогаш работниците пронашле распаднато тело во подрумот под купот штици, а јавноста сега дозна за нивното откритие.

„Сите бевме уништени кога дознавме дека стои таму долго време, без никој да знае ништо за тоа“, изјави Сабин Лебретон, потпретседател на локалното здружение за заштита на зградите.

Откако го пронашла телото, полицијата започнала истрага за убиство и открила дека станува збор за бездомник алкохоличар по име Жан-Пјер Рено.

„Можеме да претпоставиме дека тој се борел со некој кој исто така живеел на работ на општеството. Не е јасно дали тој починал во зградата или бил донесен таму и веројатно нема никогаш да откриеме кој го убил. Многу е веројатно дека убиецот и самиот е денес мртов“, изјавиле полициски извори.

Работата на зградата се очекува да продолжи по летото.

Јапонскиот Ферари од 90-тите се продава поскапо од нов оригинален модел (ВИДЕО)

Во последните неколку децении, јапонската автомобилска индустрија нè почести со бројни скапоцени примероци, а многумина се согласуваат дека најсветол е единствената Хонда NSX.

И денес, овој примерок од крајот на милениумот, што со право беше наречен јапонски Ферари, постигнува неверојатни износи на аукции. Оваа копија оди чекор подалеку. Тоа е верзија на изданието „Алекс Занарди“, а цената е нешто повисока од новото „Ферари Ф8 Трибуто“.

Верувале или не, последната од произведените 51 примерок е продадена за 277.017 долари. За утеха, да ја споменеме историјата на автомобилот. Хонда му ја посвети на мотоциклистот Мигел Духамел за неговите победи во натпреварот АМА Дејтона 200, што ги оствари со скршеница на ногата.

Духамел има извозено околу 19 000 км во NSX и со тоа го разви последното издание на фантастичниот 3,2 V6 атмосферски мотор. Нема сомнение дека овој автомобил со рачен менувач и денес обезбедува супериорно задоволство при возењето. Изданието Занарди е речиси 70 кг полесно од оригиналното, а тоа беше постигнато, меѓу другото, со фиксиран покрив, потенко стакло и бандажи ББС.


Сопствениците на земјиштето во,, Расадник “ бараат извинување од ВМРО ДПМНЕ

Сопствениците на поголемиот дел од земјиштето во Расадник, реагираат на денешниот протест на ВМРО ДПМНЕ со барање да им се извинат од партијата зашто биле наречени дека се дел од урбана мафија. .

Со допис до медиумите сопствениците ја информираат јавноста дека десет години плаќаат данок за градежно земјиште кое сега конечно со предлог ДУПот на општина Кисела Вода ќе можат да го користат.

,,Ниту сме дел од некаква урбана мафија, ниту имаме било какви удели во носењето на ДУП за Расадник. Бараме извинување за наведените клевети од ВМРО ДПМНЕ и ангажирање за побрзо носење на ДУП-от”, во спротивно правдата ќе ја бараат на суд се наведува во реакцијата од сопствениците на земјиштето во Расадник.

Родилка и нејзиното бебе починале на ГАК -директорката Јовановска повеќе детали најави за утре

Вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје , починала родилка , врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво..

Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре.

Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка.

Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде денеска на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

Како што информиравме, повеќе детали од ГАК најавија за утре а Канал 5 ќе го проследи случајот со повеќе детали во утрешните информативни изданија.

притисни ентер