Во куќа на старица е најдено ремек дело , вредно 9 милиони долари (ФОТО)

Заборавена вазна, купена одамна за 56 долари е продадена на аукција во Хонг Конг во саботата за 9 милиони американски долари ,откако е откриена во домот на една постара жена од Европа.

Вазната, опишана од реномираната аукциска куќа „Сотби“ како „изгубено ремек-дело“ и редок примерок од 18 век, поминала 50 години во оддалечена куќа во Централна Европа опкружена со мачки и кучиња, јавува Си-Ен-Ен.

Многу необичната вазна на која се гледа сино-бел порцелан преку мрежа од порцеланска структура, била направена за царот Кианлунг, кој владеел со Кина повеќе од 60 години.

„Неверојатно е што оваа исклучително кревка вазна преживеала половина век во куќа опкружена со безброј миленичиња“, изјави менаџерот на Сотби за Азија, Николас Чоу.

Вазната со двојно обоени sидови е само една од неколкуте слични во светот, направени од 1742 до 1743 година.

Вазната во облик на круша е пример за порцеланскиот стил „јангаи “, што се карактеризира со употреба на западни бои и емајлирање во изработката на порцелан.

Се верува дека сопственикот ја наследил вазната.

Таа ги поканила проценителите да ја разгледаат кинеската колекција. Експертите на Сотби откриле запис за неа во архивите на забранетиот град во Пекинг.

Вазната се наоѓала во Империјалната палата на небесната чистота и императорот го ценел нејзиниот дизајн.

Аукциската куќа не откри во која европска земја е откриена вазната.

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер