Во куќа е пронајдено ремек дело, што 200 години не било видено - Канал 5

Во куќа е пронајдено ремек дело, што 200 години не било видено

Платното на мајсторот на рококо Жан-Оноре Фрагонард, што никој не го видел повеќе од два века, е откриено во источна Франција и ќе се најде на продажба во јуни.

Во куќа е пронајдено ремек дело, што 200 години не било видено

Експерт од аукциската куќа „Енхерес-Шампањ“ открил мал овален портрет „Филозофот како чита“ на ѕид во една куќа во Епернај кога му била дадена задача да ги каталогизира работите на тој имот.

Семејството со години не обрнувало внимание на платното, но експертот го открил едвај видливото име на уметникот на задниот дел од позлатената рамка.

„И покрај слоевите прашина и пожолтената површина, енергијата на ова платно е совршено препознатлива“, вели Стефан Пинта од експертската куќа „Туркин“ во Париз, кој ја потврди автентичноста на делото.

За разлика од сензуалните пастелни сцени што му ја обезбедија славата на Фрагонард како еден од мајсторите на сликарството во 18 век, пригушената слика на „Филозофот како чита“ е само една од неколкуте негови прикази на стари луѓе.

Сликата е од периодот 1768-1770 година кога Фрагонард се оддалечил од прикажувањето украдени бакнежи во градините и истражувал подлабоки теми.

Пинта вели дека бојата се чини дека била обликувана и повремено дури нанесувана директно со прст.

"Уметникот беше на врвот на својот талент. Неговите потези со четка беа брзи, прецизни и неверојатно експресивни", рече тој.

Вредноста на платното се проценува на 1,5 до два милиона евра и ќе се најде на продажба на 26 јуни во Епернај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ потврдува дека Македонија има сериозни капацитети на бакар од бенефит за државата

Од друга страна во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 на која работеше МАНУ, се нотира дека тие резерви просто не се искористуваат. Таков е примерот со инвестицијата за рудник за бакар во Иловица-Штука.

МАНУ потврдува дека Македонија има сериозни капацитети на бакар од бенефит за државата

Дури ни отворањето на шест огромни рудници за бакар годишно во следните две децении нема да ја задоволи глобалната побарувачка. Вака проценува светскиот рударски инвеститор Френк Џустра, предупредувајќи на сериозна криза во синџирот на снабдување.

Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 изработена од МАНУ, децидно потврдува дека Македонија располага со сериозни капацитети на бакар кои не се искористуваат. Пример за ова е Иловица-Штука, каде инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“ утврди ресурси од 237 милиони тони и резерви од 225 милиони тони руда (околу 410 илјади тони бакар, со стапка на искористеност од 84%). Проектот предвидуваше експлоатација од 10 милиони тони руда годишно и век на експлоатација од 23 години. Покрај Иловица, присуство на бакар беше утврдено и во Казандол и Кожуф, но овие инвестиции останаа нереализирани.

Џустра се повикува на прогнозите на „JPMorgan“, според кои се очекува дефицит на бакар од два милиони тони до 2030 година, кој ќе порасне на осум милиони тони до 2035 година. Само центрите за податоци ќе потрошат околу 500.000 тони до крајот на деценијата, а на новите наоѓалишта им се потребни меѓу 10 и 20 години за да почнат со производство.

„Бакарот е столбот на речиси секоја електрификациска индустрија во светот“, нагласува Џустра. И додава дека битката за стратешки минерали прераснала во геополитичко ривалство:

„Светскиот поредок каков што го знаевме одамна веќе е мртов“, додава инвеститорот.

Додека Кина почна да обезбедува наоѓалишта пред 25 години, САД и Европа дури неодамна ја сфатија важноста на критичните минерали. Поради бавниот развој на новите рудници, високите цени на бакарот остануваат единствениот механизам за балансирање на пазарот.

Финансиската групација „Macquarie“ заклучува дека бакарот е „заглавен“ помеѓу инвестицискиот оптимизам и слабеењето на капацитетите. Цената на металот се искачи од 12.000 долари за тон во март на над 14.000 долари во мај годинава. Трговците веќе се позиционираат поради можните американски мерки за извоз, што според „Macquarie“ ќе донесе континуирана неизвесност и ќе го остави остатокот од глобалниот пазар под силен притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елегантната Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ужива во Италија, од каде што објави неколку фотографии кои предизвикаа лавина од коментари меѓу нејзините фанови, едно од најброните прашања е   дали покажала премногу. 

Фото: Елегантната Џеј Ло

По исклучително забележаниот стајлинг на Вимблдон, популарната Џенифер Лопез замина на заслужен одмор по успешната турнеја и новиот филм „Office Romance“, како и по уште една во низата бројни успешни години во нејзината кариера.

За своја дестинација за одмор таа ја избра Италија, па моментално ужива на Сицилија.

За да не ги заборави своите 240 милиони следбеници дури и во деновите кога ужива во морето и сонцето, таа ги почести со неколку фотографии во вистинско летно издание, кои брзо станаа вирални.

Латино дивата позираше во летен бел фустан без градник, па нејзиното деколте остави малку простор за имагинација.

На фотографиите таа носи фустан од модната куќа „Dolce & Gabbana“, а стајлингот го заокружила со бела марама со истиот дезен, носена како моден додаток на главата.

Изминативе денови ја видовме и во други фантастични изданија, па јасно е зошто таа го има статусот на модна икона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошаркарите против Кипар и Австрија во о втората фаза претквалификации за пласман на ЕУРО 2029

Најдобрата кошаркаркарска репрезентација на Македонија попладнево на ждрепката во седиштето на ФИБА Европа ги доби противниците во втората фаза претквалификации за пласман на Европското првенство 2029 година.

Кошаркарите против Кипар и Австрија во о втората фаза претквалификации за пласман на ЕУРО 2029

Македонскиот национален тим ќе игра во групата Ф против репрезентациите на Кипар и Австрија.

Првите натпревари ќе се одиграат веќе на 27. август оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер