Во Кривичен продолжува судењето против таткото на Васил Јованов - Канал 5

Во Кривичен продолжува судењето против таткото на Васил Јованов

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот.

Во Кривичен продолжува судењето против таткото на Васил Јованов

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот, за кого судот констатираше дека бил неуредно повикан. Судијката Снежана Марковска информираше дека е испратено барање до МВР за ажурирани адресни податоци и за уредна достава на поканата.

Покрај обвинетиот, на рочиштето не се појавија ниту неговиот адвокат Сашо Дуковски, ниту сведокот Софија Черепналковска, која, според информација од нејзиниот татко, се наоѓала во странство.

Судот тогаш донесе одлука за повторно испраќање на покани до обвинетиот и неговиот бранител, заедно со изменетиот обвинителен предлог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце.

Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла.

Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“.

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

СДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. 

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

Законот да важи за сите.

Нека се врати законот во Собранието.

Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока.

СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение:

• Да важи за пратениците од актуелниот состав.

• Да важи за министрите и сите владини функционери.

• Да важи за директорите на јавните претпријатија.

• Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија.

Нема место за двојни стандарди.

Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат.

Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена.

СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП.

Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси.

Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија.

Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас.

За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи.

Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму.

За сите останати - мора да важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер