Во Крива Паланка по вторпат „Ретро шоу на олдтајмери“ - Канал 5

Во Крива Паланка по вторпат „Ретро шоу на олдтајмери“

По повод на велигденските празници Општина Крива Паланка во соработка со клубот „Олдтајмер Витези“ од Куманово организира „Ретро шоу на олдтајмери“ на централниот градски плоштад, во сабота,19 април, со почеток од 11 часот.

Во Крива Паланка по вторпат „Ретро шоу на олдтајмери“

- Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе биде епицентарот на стил, класа и автомобилска историја и се очекува дека ќе предизвика голем интерес кај граѓаните и љубителите на класични автомобили од регионот и пошироко. Возилата најпрвин ќе пристигнат во дефиле низ центаралната градска улица до градскиот плоштад, каде присутните ќе можат да ја проследат презентацијата на олдтајмери, да слушнат интересни приказни за секое возило и да се фотографират со ретките возила и да доживеат и едно незаборавно ретро возење, информира службата за комуникација со јавноста при Општина Крива Паланка.

По изложбата на градскиот плоштад дефилето олдтајмери ќе се упати кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на манастирскиот паркинг.

Од општината посочија дека „Ретро шоуто на олдтајмери“ претставува уникатна можност за граѓаните, посетителите и љубителите на автомобилската историја да уживаат во ретки и вредни примероци од автомобилската индустрија на 20 век и истовремено да се запознаат со културното и туристичко богатство на општината.

-Не ја пропуштајте оваа единствена можност – ретро времепловот пристигнува во Крива Паланка, повикаа од општината.

Филипов: Договорот со Велика Британија, како стратешки договор е добар

„Немаме проекти, треба да се зголеми капацитетот на оние кои што сакаат пари да подготват проекти и кои што ќе ги реализираат“

Филипов: Договорот со Велика Британија, како стратешки договор е добар

Не ги знам деталите од договорот за заем од Велика Британија, како стратешки договор е добар, но сумата од договорот малку ми е чудна. Инаку како човек речиси никогаш не се задолжувам, колку имам толку трошам. Британија на некој начин дава сигнал дека сака да помага на земјите, на кои што инаку Берлинскиот процес тоа го нуди и многу пари беа обезбедени за Западен Балкан, но има и вистина друга, ние не знаеме да ги искористиме тие пари. Немаме проекти, треба да се зголеми капацитетот на оние кои што сакаат пари да подготват проекти и кои што ќе ги реализираат. Европа веќе следи што се работи и нема веќе „еве ви пари“ правете што сакате со нив. Инаку Англичаните беа први што помогнаа на тие што се бореа против фашизмот, вели Ѓорѓи Филипов во Само Вистина.

Боцевски: За поздравување е најавата за средба во Хаг

„Гледаме дека  Македонија иницира разговор и решение“

Боцевски: За поздравување е најавата за средба во Хаг

Јасно е дека Македонија има само еден план „А“ и триесет години работи на остварување на тој план. Европската интеграција беше замислена како орудие да се надминат себичните политики и да се постигне нешто повеќе, а во случајот на Македонија од почетокот до денеска се случува нешто спротивно. Сегашната Влада политичкиот легитимитет што го доби на избори беше со една јасна порака дека Македонија нема да отстапува онаму каде што отстапки не се можни или откажување од клучните точки на македонскиот идентитет и начинот на кој ние самите си се замислуваме. За поздравување е дека сепак имаме желба за разговори и не стоиме во место, како и најавата за посетата на Претседателката во Хаг. Сега гледаме дека Македонија иницира разговор и решение. Гледаме дека сакаме што поскоро да иницираме средби и бараме брзи одлуки во кои Македонија нема да губи, вели Ивица Боцевски во Само Вистина.

Видеото од апсењето на порно актерката стана вирално: Следбениците мислат дека е лажно

Британската креаторка на содржини на „OnlyFans“, Бони Блу, чие вистинско име е Тиа Билингер (26), повторно го привлече вниманието на јавноста.

Видеото од апсењето на порно актерката стана вирално: Следбениците мислат дека е лажно

Видео од нејзиното наводно апсење се појави на интернет, но многумина се сомневаат дека станува збор за лажна ситуација со цел да се привлече внимание.

Контроверзно видео од „апсењето“

Видеото беше објавено во среда, наводно поставено од нејзината сестра. Видеото ја прикажува Тиа како се потпира на полицискиот автомобил додека полицаецот ја претресува. До неа е маж кој е подложен на истата процедура.

„Престани да зборуваш за момент додека го средиме ова, во ред?“ им кажува еден од полицајците.

Нејзината сестра напиша во описот на видеото: „Како што можеби видовте, Тиа е уапсена. Сè уште немаме јасни информации за ситуацијата, но штом дознаеме повеќе, ќе ве известиме. Ви благодариме на сите за вашата поддршка во последните 24 часа.“ Таа додаде дека „ова не е нешто што сакале да го објават јавно, но се чини дека Тиа повеќе нема никаква приватност“.

Bonnie blue has been arrested today 😱 thoughts?
byu/MarvelBruh inWaitThatsInteresting

Реакциите на следбениците се поделени

Видеото предизвика бура од реакции. Некои следбеници се загрижени и бараат нејзино ослободување користејќи го хаштагот „FREE BONNIE“. Други шпекулираат за тоа која би можела да биде причината за апсењето.

Имаше и злонамерни шеги за нејзиното минато. Бони Блу стана позната кога тврдеше дека спиела со 1.057 мажи во еден ден. Некои корисници сугерираат дека таа можеби имала врски со малолетници.

Сомнителните детали ја доведуваат во прашање автентичноста

Повнимателните гледачи забележаа чудни детали што доведуваат во прашање дали апсењето било вистинско.

Еден корисник на социјалните мрежи тврди дека автомобилот во видеото, Тојота Корола со регистарски број RO23 HRM, е во сопственост на „Police Car Hire UK“. Оваа компанија изнајмува возила за итни случаи за филмска и телевизиска продукција.

Британскиот таблоид „Мирор“ ја контактираше гореспоменатата компанија. Нивниот одговор беше воздржан: „Поради договорите за доверливост, дури и да сме работеле на оваа работа, немаше да можеме да потврдиме дали автомобилот дошол преку нашата компанија или не.“

Сведок тврди дека го видел снимањето

Друг корисник на Инстаграм тврди дека лично го видел видеото како се снима: „Ова е снимено во индустриска зона во Гилдфорд, Сари. Сè беше однапред договорено. Таа беше видена како позира покрај полициско возило.“

притисни ентер