Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на починатите - Канал 5

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на починатите

Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. 

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на починатите

Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен.

- Во Штипската клиничка болница донесени се седум деца без знаци на живот. Тие се починати. Во моментов има седум тела во Клиничката болница во Штип. Во моментот е процесот на идентификација, четири се идентификувани од страна на полицијата, три тела се во процес на индентификација. И сега во моментот на тие што идентификувани, се потврдување од семејствата, изјави Захариев.

Во Клиничката болница во Штип згрижени се 39 пациенти од несреќата. Од 03:30 до 05:00 часот во Клиничката болница во Штип биле донесени 80 пациенти и на сите им била направена тријажа.

- Донесовме одлука првин да ги праќаме тие пациенти што се со полесна клиничка слика, додека тие што ги пративме во клиниките во Скопје се пациенти кои беа покритични во моментот. По нивната стабилизација во консултација и координација со клиниките во Скопје со помош заедно на заменик министерот ги упативме во Државната болница, во ГОБ „8 септември“ и Градската општа болница, изјави Захариев.

Во моментот во болницата во Штип се сместени 39 пациенти, претежно со втор степен изгореници, едниот пациент има повреда на потколеница на лева нога и е сместен на ортопедија, тој утре ќе се оперира.

Во болницата во Штип, сиот персонал е на работа, има доволно антиобиотици, завои, серуми … Како што изјави Захариев, пикот на прегледи и тријажи е завршен, пациентите се згрижени во Болницата, примаат терапија и нема потреба од помош од други болници. Захариев се заблагодари на болниците во Струмица, Кочани и Пробиштип и сите здравствени институции кои излегле во пресрет со испраќање на екипи и санитетски возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Најтрофејниот шпански фудбалски клуб, Реал Мадрид денеска бира претседател, над 75.000 членови имаат право на глас.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Актуелниот Флорентино Перез или Енрике Рикелме е изборот на 75000 членови на Кралскиот клуб со право на глас на денешните претседателски избори, први по 20 години.

Гласањето започна во 9 часот и ќе трае се до 20 часот.

Во кампањата која беше шестока двајцата против кандидати имаа многу ветувања околу нови фудбалери.

Перез кој е фаворит на изборот според анкетите вети дека ако остане на чело на клубот има договор со тренерот Жозе Мурињо, и дефанзивците Ибрахима Конате и Дензел Думфрис, а најави и една суперѕвезда,

Неговиот противкандидат Рикелме вети дека во клубот ќе ги врати легендите Раул, Касилјас, Јеро кои би имале директорски функции, а а како засилувања ги најави Ерлинг Халанд и Родри, додека за тренер ќе преговара со Јирген Клоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД собори два ирански еднонасочни дрона

Централната команда на САД собори два ирански еднонасочни дрона за напад што го загрозија меѓународниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец,

САД собори два ирански еднонасочни дрона

Американските и иранските сили продолжија да разменуваат нови напади, по една недела во која се случи најлошото разгорување на тензиите откако започна нестабилното примирје и мал напредок кон привремен мировен договор.

Централната команда на САД собори два ирански еднонасочни дрона за напад што го загрозија меѓународниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец, се вели во соопштение објавено на социјалните медиуми во неделата. Нема извештаи за штети.

На соборувањето на дронови реагираше Иран.

Иран го повика Обединетите нации да преземат мерки поради, како што тврди Техеран, повторено кршење на примирјето од страна на САД, откако американските сили извршија напади врз радарски и крајбрежни надзорни објекти во јужниот дел на земјата.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападите врз објекти во регионот Сирик и на островот Кешм претставуваат „јасно кршење“ на примирјето од 8 април и повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран. Според Техеран, станува збор за објекти што се користеле за заштита на границите и за безбедност на меѓународните поморски рути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 34 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Сончево со температури до 34 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер