МакедонијаВо Кисела Вода отворен Центар за дневен престој за лица со попреченост за индивидуална работа „Ајнштајн“Денеска во населбата Црниче, Општина Кисела Вода, започна со работа новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“. Овој центар нуди нова, современа и специјализирана социјална услуга, наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни и интелектуални тешкотии, специфични тешкотии во учењето и говорно-јазични потешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, преку логопедски и дефектолошки третмани. Услугата е целосно бесплатна, а ќе ја добиваат децата кои поседуваат соодветна медицинска документација, согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ). На отворањето присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заменикот-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски. Новата социјална услуга е воспоставена токму преку соработката на Општина Кисела Вода и здружението „Ајнштајн“ како грантисти, а во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на министерството за социјална политика, демографија и млади , поддржан од Светската банка. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека со ова се решава голем проблем за семејствата кои имаат потреба од ваков тип на стручна помош, а притоа се потпиша и важен меморандум за наставниот кадар во општината. - Денес, тука, во населбата Црниче го отвораме Едукативно-терапевтскиот центар „Ајнштајн“, со што обезбедуваме нова, специјализирана социјална услуга во нашата општина. Овој центар е резултат на проект за кој Општина Кисела Вода и Здружението за дислексија „Ајнштајн“ заеднички аплицираа, во рамки на програмата за подобрување на социјалните услуги на ресорното министерство, финансирана од Светската банка. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни, интелектуални и говорни тешкотии. Исклучително важно е што овие стручни третмани ќе бидат бесплатни и целосно достапни за децата од социјално ранливите семејства, кои вообичаено немаат можност за приватни услуги. Истовремено, со здружението „Ајнштајн“ денес потпишавме и Меморандум за соработка за имплементација на Еразмус+ проектот „DysAcademy“. Со оваа соработка, во директно партнерство со нашите основни училишта, обезбедуваме бесплатен пристап до оваа регионална онлајн едукативна платформа за наставниот кадар од сите училишта на територијата на Кисела Вода. На овој начин, покрај бесплатните третмани за учениците, ние системски им овозможуваме на наставниците и стручните соработници конкретни алатки и обуки за препознавање и работа со деца кои се соочуваат со дислексија, дисграфија или ADHD. Овие чекори овозможуваат конкретна поддршка на локално ниво и за децата и за образовниот систем. Му благодарам на заменик-министерот Велковски за поддршката од министерството, на Здружението „Ајнштајн“ му го честитам отворањето, а на стручниот тим му посакувам успешна работа.изјави Стаменкоска Трајкоска. Заменикот-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, потсети дека ова е веќе втор ваков наменски дневен центар што се отвора на територијата на Кисела Вода во текот на само една недела. -Така треба и да продолжиме, со заедничка соработка на општинската и централната власт. Министерството обезбедува поддршка за вкупно 98 управни договори кои оваа година се склучени токму за ваква намена- дневен престој за дечиња, поддршка на асистенти, лични асистенти за стари лица и дневен престој за стари лица. Ова се проекти што директно се финансирани од страна на Министерството како услуги што ги даваме и како продолжена рака на овие луѓе кои навистина знаат како на современ, модерен начин да ги згрижат дечињата и тоа е навистина успех за сите нас во државата. Овие дечиња навистина заслужуваат шанса својот потенцијал да го изразат на најдобар начин токму тука- истакна Велковски. Претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски, нагласи дека паралелно со третманите за децата, неопходно е и континуирано вложување во стручните лица во образовниот систем. - Овој Центар во соработка, со Општина Кисела Вода преку поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска Банка, ќе обезбеди индивидуализирани логопедски и дефектолошки третмани, професионална поддршка за децата и родителите, како и соработка со училиштата и институциите. Особено ни е важно што услугите ќе бидат бесплатно достапни и за деца од социјално ранливи семејства, затоа што поддршката не смее да зависи од финансиската состојба на семејството. Дополнително, преку денешниот Меморандум за соработка со Општина Кисела Вода и имплементацијата на Erasmus+ проектот DysAcademy, правиме уште еден важен чекор- вложуваме и во наставниците. Затоа што без обучени наставници и стручни соработници, инклузијата останува само формална заложба на хартија- изјави Дамјан Николовски , Претседател на Здружението за дислексија "Ајнштајн".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook