Во Кина се појавија автономни мобилни продавници без возач (ВИДЕО) - Канал 5

Во Кина се појавија автономни мобилни продавници без возач (ВИДЕО)

Во градот Јангкуан во северната кинеска провинција Шанси, неодамна започнале да работат десетици автономни комерцијални возила напојувани од 5G.

Во Кина се појавија автономни мобилни продавници без возач (ВИДЕО)

Жителите на Јангкуан сега можат да ги користат своите мобилни телефони за да скенираат QR -кодови на автономните возила без возач или продавачи, да изберат и да платат за стоката што сакаат да ја купат, а потоа да ја отворат вратата од фиоката од која можат да ја земат избраната стока.

Возилата без возач се опремени со систем за автономно возење L4, интернет платформа за вештачка интелигенција на возилото, модуларна паметна кутија и можат да се движат по повеќето патишта. Исто така, возилата имаат паметен систем за замена на батерија, што им овозможува да возат 100 километри по пет часа полнење. Возилата се развиени од Neolix Zhihang Technologies.

Според менаџерот на регионот Санкси, Ксу Леи, возилата имаат функции за ладење и греење и можат да пренесуваат стока до заедниците, деловните згради и населбите, како и до болниците и училиштата, користејќи напредна технологија за автономно возење, заштедувајќи работна сила.

Покрај секторот за малопродажба, возилата можат да се користат во различни функции, како што се угостителство, медицина и здравствена заштита, за да им се обезбедат на луѓето разновидни и квалитетни услуги. Повеќето од овие возила наскоро ќе возат во паркот за претприемништво за висока технологија Јанкуан и на други градски локации.

Neolix Zhihang Technologies ќе воведе сеопфатен сервисен систем, кој интегрира собирање податоци, чистење, обележување и други апликации. Целта е на тој начин да се привлечат партнери во различни области, вклучувајќи радар, камери, високопрецизно позиционирање на сателити, инерцијална навигација и 5G, да се населат во Јанкуан и да го развијат градот во национална област за комерцијална примена на возила без возач.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот крут на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот крут на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео

Хуманоидните роботи не се некоја далечна иднина туку реалност која на денешницата. 

Хуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео

Тие последниве години со брзо темпо се развиваат и напредуваат во своите можности. Тоа пред граќаните го покажа и Нео хуманоидниот робот кој за да покаже како лесно се снаоќа во просторот и да демонстрира дека нема проблем со движењети и рамнотежата ги забавуваше најмалите со својот танц.

Но неговата реална намена не е за да биде атракција и шоу туку да работи тешки работи за почетоко во индустријата, во фрабриките, хотели, болници и старски домови каде ќе им помага на луѓето и ќе биде продуктивен со работа деноноќно без престан додека за домовите проценката е дека би го почнало масовно да се употребува за две до три години додека да се усоврши и да се истестираат сите негови перформанси.

Се работи хуманоидни роботи кои се произведуваат во Кина но програмирањето за тоа што ќе прави односно мозокот на роботот е дело на словенечки програмери кои нагласуваат дека е значајно што сите податоци остануваат локално каде што се користи роботот.

Сегашната намена е главно да им помагаат на луѓето со тешка физичка работа во градежништвото бидејќи робото куче може да носи градежни материјали по скали исто како и хуманоидниот робот кој може да носи товар тежок 50 килограми.

Нивната вредност варира од неколку десетици илјади евра па се до 150 илјади или 200 илјади евра во зависност од тоа што треба да прави но според пресметките заменува 4 до 5 работника што го прави исплатлив за околу 2 години

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер