Во Кина се гради првиот шумски град во светот (ФОТО) - Канал 5

Во Кина се гради првиот шумски град во светот (ФОТО)

Во кинескиот град Лиужоу со години се гради „првиот шумски град во светот“.

Во Кина се гради првиот шумски град во светот (ФОТО)

Миланскиот архитект Стефано Боери работи на овој проект со својот тим, кој исто така развива зелени проекти низ светот со цел да го промени изгледот и перцепцијата на градскиот живот. Лиужоу е еден од градовите во светот кој е најмногу погоден од смогот, поради што е избран за овој проект.

Градот ќе биде целосно одржлив и ќе користи обновливи извори на енергија, а ќе се простира на неверојатни 432 хектари густа шума покрај реката Лиуџианг, во северниот дел на Лиужоу. Самиот град ќе има сѐ што има еден модерен, урбан град - комерцијални зони, станбени области, рекреативни области, болница и две училишта. Ќе биде поврзан со Лиужоу со брза железничка линија.

Според Еуро њуз, планот е по завршувањето на изградбата во овој град да се населат околу 30.000 луѓе, а да има 40.000 видови дрвја и еден милион растенија кои заедно можат да апсорбираат дури 10.000 тони јаглерод диоксид. Идејата е да се помогне за подобрување на квалитетот на воздухот.

Бидејќи проектот сè уште е во изградба, на официјалната веб-страница на архитектот се достапни само нацрти, но од другите шумски населби што ги направил овој тим, може само да се замисли колку магично ќе изгледа првиот шумски град во светот. Италијанскиот архитект веќе го изградил Градскиот комплекс Easyhome Huanggang Vertical Forest, што се простира на 4,54 хектари и вклучува две станбени и три комерцијални кули. Дом на повеќе од 1,2 милиони луѓе, Хуанганг се наоѓа во провинцијата Хубеи, околу 70 километри источно од Вухан.

„Жителите на станбените кули имаат можност да го искусат урбаниот простор од поинаква перспектива додека целосно уживаат во удобноста да бидат опкружени со природа“, рече Стефано Боери. Растенијата се избрани од автохтони, неинвазивни видови.

„Дизајнот овозможува одличен поглед на фасадите опкружени со дрвја, подобрувајќи го сетилното искуство на зеленило и интегрирајќи го растителниот пејсаж со архитектонската димензија“, додава архитектот. Подолу можете да видите како изгледаат шумските проекти на овој архитект низ светот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во пошта во Ајова: Има повеќе застрелани (ВИДЕО)

Според извештаите, се случила пукотница во пошта во Де Мојн, Ајова, во која се застрелани повеќе лица.

Пукотница во пошта во Ајова: Има повеќе застрелани (ВИДЕО)

Наредникот на полициската станица во Де Мојн, Пол Паризек, изјави дека најмалку три жртви претрпеле повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата во соопштението соопшти дека осомничениот е приведен. Полицијата добила повик веднаш по 9 часот утрово до зградата на американската поштенска служба на Втората и Универзитетската авенија.

Наредникот Паризек потврди дека повикот на 911 дошол од поштата и дека истрелите биле испукани на вториот кат. На местото на настанот кратко време потоа реагирале повеќе возила за итни случаи и полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. 

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии.

,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија доста можности на младите. За оваа година, како јаготката на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска.

,,Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обдукцијата ја откри причината за смртта на фудбалерот Хесус де Мигел, му немало спас

По трагичната смрт на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина по судир со голманот на Андора, беа објавени првите официјални резултати од обдукцијата. 

Обдукцијата ја откри причината за смртта на фудбалерот Хесус де Мигел, му немало спас

Според судските експерти, 30-годишниот фудбалер починал од фатални повреди на градите.

Потсетете се дека тој беше убиен во сударот на натпреварот во втората шпанска лига. Во борба за топката, голманот на Андора, Хесус Овоно, случајно, но силно го удрил во градите со коленото. Де Мигел останал неподвижен на тревата, добил итна медицинска помош на теренот, по што бил префрлен во болница, каде што починал еден ден подоцна.

Резултатите од обдукцијата веќе се доставени до истражниот суд во Санта Круз, Тенерифе. Во исто време, шпанската полиција ја продолжува истрагата не само за околностите на самиот судир, туку и за брзината на медицинската интервенција на теренот, како и за постапката за време на транспортот до болницата.

Како што објавија шпанските медиуми, посебно внимание се посветува на недостатоците во грижата за играчот. Според извештаите, поминале повеќе од шест минути од моментот кога медицинскиот тим пристигнал на теренот до моментот кога играчот бил ставен на носилка.

Вистинскиот транспорт на повредениот играч до амбулантното возило е исто така под лупа, бидејќи наводно тие трчале со носилката, што можело дополнително да го загрози неговото здравје. Дополнително, властите истражуваат дали несреќниот напаѓач примил кислород за време на процесот на реанимација на тревата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер