Во Кина, поради пандемијата, клучевите од новите автомобили се испорачуваат со дрон (ВИДЕО)

Социјалната дистанца е еден од најважните методи во борбата против ширењето на коронавирусот , а тоа многу сериозно го сфатија во Кина.

Додека овој вид  живот ги комплицира некои работи што претходно ги земавме здраво за готово, сепак е можно. Точно, потребно е малку имагинација и знаење, а кога станува збор за продажба на автомобили, тука е најдобро она што го работи кинескиот гигант Гели.

Гели го претстави својот модел Icon преку социјалните мрежи, а потоа започна продажба во моментот на најголемото ширење на коронавирусот во кинеските региони. Воведувањето на онлајн продажба и испорака се испалтеше - 30 000 примероци се нарачани.

Се разбира, добриот маркетинг не застана тука, па тие воведоа систем за вентилација што не дозволува загадувањето од воздухот да навлезе во кабината. N95 сертифицираниот систем за прочистување на воздухот (IAPS) блокира најмалку 95% од многу мали (0,3 микрони) честички, а со тоа и во одреден дел и од коронавирусот.

И бидејќи производството во кинеските фабрики за автомобили е во голема мерка автоматизирано, не претрпе занчителна штета и покрај карантинот. Автоматизацијата и вештачката интелигенција овозможија производството да продолжи со минимален ангажман на луѓето.

И, конечно, испораката на автомобилите. Geely Icon се испорачува пред влезот на купувачот, целосно се дезинфицира, а клучот на сопственикот ќе му го достави од дрон.

Досега 110.000 корисници изразија интерес за овој вид испорака на автомобили, а 10.000 од нив веќе ја платиле и ја одобриле испораката.

притисни ентер