Во Кан завршува 77. Меѓународен филмски фестивал со доделување на наградите - Канал 5

Во Кан завршува 77. Меѓународен филмски фестивал со доделување на наградите

Со доделување на наградите во Кан денеска ќе заврши 77. Меѓународен филмски фестивал, додека за главната награда „Златната палма“ се борат 22 филма.

Во Кан завршува 77. Меѓународен филмски фестивал со доделување на наградите

На листата на филмови за Златната палма на фестивалот, меѓу другите, е и „Мегалополис“, познатиот режисер Френсис Форд Копола, кој 45 години по Златната палма се врати во Кан каде победи со култниот филм „Апокалипса сега“.

На листата се најде и филм на режисерот Жак Аудиар, добитник на Златната палма во 2015 година, кој годинава се натпреварува со „Емилија Перез“, мешавина од криминал и мјузикл со Селена Гомез.

Во конкуренција за Златната палма се филмовите на прогонетиот руски режисер Кирил Серебреников „Лимонов“ и „Kind of Kindness“ на Јоргос Лантимос.

Режисерот Кристоф Оноре се натпреварува со филмот „Марчело Мио“ посветен на Марчело Мастројани, кој почина во 1996 година, а годинава се слави 100-годишнината од раѓањето. За него ќе зборуваат Кетрин Денев и ќерката Кјара Мастројани.

Мерил Стрип (74) ја доби почесната Златна палма на првиот фестивалски ден, 14 мај.

Престижната Златна палма, вообичаено вредна околу 20.000 евра, се чува во добро чуван сеф на непозната локација до нејзиното предавање и се предава на жирито кое во најголема тајност одлучува за победникот.

Покрај Златната палма, од 2000 година се доделува и „мини палма“, помал модел на Златната палма, за најдобар актер и актерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во град во Јапонија мечка влегува по куќи и ги празни фрижидерите

Мечка во еден јапонски град провалува во куќи и ги празни фрижидерите. Најмногу сака слатки.

Во град во Јапонија мечка влегува по куќи и ги празни фрижидерите

Властите се во потрага по мечка која влегла во домот на постара двојка и им го ограбила фрижидерот.

Се сомнева дека истото животно може да биде одговорно за 14 провали во јапонскиот град во текот на изминатите две недели.

Во понеделник вечерта, 87-годишниот Мицуо Мацубара се сретнал лице в лице со голема азиска црна мечка откако отишол да истражи бучава што доаѓала од кујната.

Фрижидерот бил отворен, а храната била расфрлана по подот. Неговата сопруга ја повикала полицијата. Досега се пријавени провали на пет локации во североисточниот град Шизукуиши, што ги навело властите да веруваат дека истата мечка може да е вклучена. Поставени се стапици во кафези, инсталирани се електрични огради околу често напаѓаните домови и воведени се патроли за да се предупредат жителите за опасноста, објавува „Гардијан“.

„Невообичаено е мечка постојано да упаѓа на истото место. Можно е да станува збор за истото животно, поради што сакаме да го фатиме што е можно поскоро“, изјави Шихо Чида, експерт за мечки од Одделот за заштита на природата на префектурата Ивате, каде што се наоѓа градот Шизукуиши.

Мечката била фатена како четири пати упаѓа во земјоделски објекти и краде храна за добиток на база на млеко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон.

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам.

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите“, соопштија од министерството.

Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за западна и централна Европа и јужна Европа во бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за навредите

Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. 

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за навредите

Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци.

Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња.

Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот.

Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор.

Ова е срамота и за институцијата која ја претставува и за државата која ја води.

Особено што Мицкоски не застана сам во навредите туку беше поддржан. Заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ, во Собранието отворено псуеше пратеници, а Стоилковиќ физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески.

Ова не е политичка расправа туку понижување на пратениците кои се претставници на граѓаните, како и на највисоката институција во државата.

Мицкоски мисли дека едно изнудено изговорено „извинете“ во празна сала може да ги избрише сите овие навреди? Не може.

Граѓаните не се наивни и не може да ги излаже.

Ова однесување е резултат на губењето на поддршката и на падот на рејтингот, кој самиот си го предизвика со секојдневните лаги, со немањето никаков резултат и со тоа што ја води државата во изолација и економски колапс.

Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија.

Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува.

Скопје, 15.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер