Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусон, издаде извршна наредба за забрана за продажба на нови автомобили напојувани од бензински и дизел мотори, што ќе стапи на сила во 2035 година. Поточно, објавата дозволува продажба само на автомобили со нула емисија на штетни гасови, што не го исполнуваат ниту хибридите, без оглед на концептот на перформанси. Затоа, не сите еколошки возила ќе смеат да се продаваат во Калифорнија, што со оглед на тоа дека е еден од најголемите американски пазари, ќе има последици и за автомобилската индустрија.
Канцеларијата на Њусон тврди дека транспортниот сектор е „одговорен за повеќе од 50 проценти од емисиите на СО2 во Калифорнија, но и за 80 проценти од загадувањето со смог, и 95 проценти од емисијата на токсични дизел емисии.“ Префрлувањето на употреба на возила со нулта емисија ќе значи „35% намалување на емисиите на стакленички гасови и 80% подобрување на емисиите од автомобилите“.
Оваа наредба се однесува само за новите автомобили, додека на сите постојни автомобили ќе им биде дозволено да возат легално. Исто така, пазарот на стари автомобили ќе има право да остане активен. Секако, не се очекува тука некакво кубанско сценарио, но побогатата Калифорнија сигурно ќе донесе ваква одлука полесно и многу брзо ќе ги „исчисти“ патиштата. Покрај тоа, Њусон очекува дека дотогаш цената на електричните автомобили и оние напојувани со фосилни горива ќе бидат изедначени.
Во следниот чекор, Калифорнија планира да ги отстрани комерцијалните возила од патиштата, а тоа треба да се случи десет години подоцна, од 2045 година.