Во јуни пратениците ќе гласаат за мандатот на Груевски

За пратеничкиот мандат на Никола Груевски ќе се расправа на собраниска седница во средината на овој месец.

Откако комисијата за мандатно-имунитетни прашања даде зелено светло за одземање на неговиот мандат бидејќи Груевски е отсутен повеќе од шест месеци од собраниските расправи, спикерот Џафери набрзо ќе закаже седница на која ќе биде потребно двотретинско мнозинство од гласовите за поранешниот премиер да остане без функцијата пратеник.

Тој најави и дека на истата седница е можно да се расправа и за новите министри кои треба да ги пополнат испразнетите места, но и за смена на актуелните функционери.

За обезбедување на потребните 80 гласа за одземање на мандатот на Груевски, премиерот Заев вели дека нема да се меша, но за реконструкцијата во Владата вели дека веќе има план.

“Метлата” на Заев започна од партиските редови. Ги разреши општинските претседатели на СДСМ, извршниот одбор, потпретседателите на партијата и генералниот секретар.

Според најавите на ред се промените на министри, заменици и функционери кои не испорачале позитивни резултати. Реконструкцијата ја вети премиерот по првиот круг од претседателските избори, кога рече дека со ниската излезност на изборниот ден, граѓаните испратиле алармантна порака до власта.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата средба со ВЛЕН

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Во Скопје се одржува прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети. Целта е преку размена на искуства овие студенти да напредуваат во кариерата, но се дискутираше и за појавата на вештачката интелигенција и нејзиното влијание.

Техничките професии се едни од најценетите во светски рамки. Кадарот од електро-техничкиот сектор е еден од најбараните во индустријата, каде забрзано се користат иновативни решенија.

Студентите од техничките факултети велат дека поседуваат квалитет за нашите компании. Тие веруваат дека земјава ќе го искористи нивниот потенцијал. Во спротивно, заминување во странство не е исклучено како опција

Преку вмрежување, до подобри знаења и усовршување во кариерата што следи. Тоа е главната цел на годишениот прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети кој се одржува во Македонија.

Студентите од земјава се почесто пројавуваат интерес за сопствен бизнис, од кој, како што велат, бенефит ќе има и самата држава.

Преку креирање на мерки, земјава мора да најде начин како квалитетните студенти од техничките факултети ќе ги задржи тука, со цел да се сопре одливот на мозоци од државава.

Вештачката интелегенција е една од темите на годишениот конгрес, и студентите велат – таа нема да не уништи како човештво, туку значително ќе ни го олесни животот.

На конгресот, кој завршува утре, студентите од земјава и регионот ќе имаат можност да проследат покрај предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, и теми поврзани со длабоко учење, невронски мрежи и хибридни комуникациски системи.

Мицотакис со став: Ако не се почитува Преспанскиот договор ќе има проблеми

Ако новата влада не го почитува Преспанскиот договор ќе има проблем. Ова е ставот на грчкиот премиер Мицотакис запрашан за реакцијата на Грција доколку новите власти во Македонија не го употребуваат уставното име. 

Грчките власти не дочекаа ниту да седне во новата фотеља новиот владин состав и веднаш ја започнаа реториката за почитувањето на обврските од преспанскито договор. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во земјава од грчка страна се следат со загриженост и со голем интерес се чека официјалниот став на новата власт за тоа како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави. Тој во интевјуто посочи дека ќе бидат трпеливи и дека се надева дека тоа што се зборуваше пред зиборно од ВМРО нема да биде и официјална позиција на новата Влада.

„Со загриженост гледам некои изјави на функционери на ВМРО и ќе го чекам официјалниот став на мандатарот за да видам како ќе се повика на името на својата држава. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но, јас го прифатив договорот во контекст на континуитетот на државата и препознав дека и покрај моето несогласување, истите ставови сега постојат од раководството на државата и ако бидат искажани по изборите, ќе имаме проблеми“.

Мицотакис во интервјуто рече дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено во деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата и рече дека и покрај тоа што тој не се согласува со него, одбрал да го почитува па затоа се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

Инаку победата на ВМРО на изборите изминатите неколку дена е топ тема во грчките медиуми, каде акцентот е ставен на употребата на името „Македонија“ почитувањето на преспанскиот договор, но и на ставот на официјална Атина за конкретното прашање и со особено внимане ќе се следи како идната претсдателка ќе положи заклетва и дали ќе каже само Македонија.

притисни ентер