Во југозападна Кина археолозите пронашле златна маска стара 3.000 години (ВИДЕО) - Канал 5

Во југозападна Кина археолозите пронашле златна маска стара 3.000 години (ВИДЕО)

Во археолошки локалитет во кинеската провинција Сечуан, археолозите пронашле остатоци од златна маска стара 3.000 години.

Во југозападна Кина археолозите пронашле златна маска стара 3.000 години (ВИДЕО)

Маската тежи околу 280 грама и се проценува дека е направена од 84 проценти злато, пишува Си-Ен-Ен.

„Оваа церемонијална маска е еден од над 500-те предмети што ги ископаа археолозите од шест новооткриени „жртвени јами “, соопштила Управата на националното наследство.

Артефактите се пронајдени во Санксингдуи, област што зафаќа 11,9 квадратни километри и се наоѓа недалеку од главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду.

Некои експерти веруваат дека новооткриените предмети би можеле да бидат извор на нови сознанија за древната држава Шу, кралството што владеело со западниот слив на Сечуан сè додека не пропаднало, во 316 година п.н.е. Покрај златната маска, археолозите откриле и златни фолии и артефакти изработени од бронза, жад и слонова коска.

Неотворената дрвена кутија и бронзен сад со цртеж на був биле откриени во шест јами, од кои најголемата е 19 квадратни метри.

Повеќе од 50 000 древни артефакти се пронајдени во Санксингдуи од 1920-тите. Тогаш еден локален земјоделец налетал на голем број скапоцености. Во 1986 година, таму биле пронајдени две големи јами со повеќе од 1.000 скапоцености, вклучувајќи добро сочувани бронзени маски.

YouTube video

По долга пауза во археолошките истражувања, кон крајот на 2019 година биле откриени нови јами за кои експертите сметаат дека биле користени за жртвени цели, што го објаснува фактот дека бројни предмети биле ритуално изгорени пред да бидат вметнати и закопани.

Се верува дека областа Санксингдуи се наоѓала во центарот на државата Шу, за што историчарите знаат релативно малку поради ретките записи. Наодите пронајдени на ова место датираат од 12 и 11 век п.н.е., а многу предмети се изложени денес во музејот што се отворил на самото место.

Откритијата несомнено ќе придонесат за разбирање на развојот на цивилизациите во древна Кина. Доказите за единствената култура на Шу укажуваат на тоа дека кралството се развило независно од соседните заедници во речната долина на Жолтата река, што традиционално се смета за лулка на кинеската цивилизација.

Иако сè уште не е на списокот на светско наследство на УНЕСКО, Санксингдуи е на неговиот „привремен список“, што значи дека може да се најде на списокот во догледно време. Агенцијата на ООН ги смета археолошките локалитети Шу за „исклучителен приказ на цивилизацијата од бронзеното време на Кина, Источна Азија и на светот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Скапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild).

Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри.

„Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“.

Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри.

Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6.

Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години.

Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот.

„Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер