3Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
СветВо јавните училишта во Виена има повеќе деца- муслимани, отколку христијани Најновите податоци од Австрискиот фонд за интеграција покажуваат дека исламот е најзастапената религиозна група во јавните задолжителни училишта во Виена.Според податоците, 29,6 проценти од Австријците под 19 години имаат мигрантско потекло. Училиштата во Виена особено се соочуваат со трансформација во однос на верската припадност, објави австриски Локале. Сиријци пред Украинци и Германци Виена има најголем процент на ученици со мигрантско потекло од 54,2 проценти. Од приближно 518.400 млади луѓе, една третина се родени во странство (прва генерација), додека две третини се родени во Австрија и имаат родители родени во странство (втора генерација). Низ цела Австрија, околу 26 проценти од учениците во училиштата не го зборуваат германскиот како мајчин јазик. Виена го забележа најголемиот удел со 49 проценти, по што следуваат Форарлберг со 25 проценти и Салцбург со 21 процент. Според типот на училиште, особено висок удел е забележан во основните училишта - 32,8 проценти, политехничките училишта околу 40 проценти и училиштата за деца со посебни потреби 44,1 процент. Интересен е и прегледот на окрузите во Виена. Фаворитен има најголем удел на ученици чиј секојдневен јазик не е германскиот, со 72 проценти, по што следат 16-тиот округ и 11-тиот округ, секој со 67%. Исламот во пораст во Виена Според информативниот лист на OIF, сè повеќе ученици се идентификуваат како муслимани. Во учебната 2024/25 година, приближно 112.600 ученици посетувале јавни основни, средни, специјални и политехнички училишта. Дури 41,2% од нив го исповедале исламот, што ја сочинувало најголемата група. Околу 34% од нив биле христијани, од кои 17,5% биле римокатолици, 14,5% биле православни и 1,7% биле протестанти, додека 23% немале никаква религиозна припадност. Будизмот (0,2%) и јудаизмот (0,1%) сочинувале помали удели. Интересно е што учениците кои се идентификуваат како муслимани сочинуваат речиси половина од учениците во средните и политехничките училишта, околу 49%. Христијанскиот удел таму се движел помеѓу 31 и 33%, додека оние без религиозна припадност биле од 13 до 16%. Во основните училишта, сликата била поизбалансирана (37,7% муслимани, 32,1% христијани, 26,2% без религиозна припадност).Тагови: Виена муслимани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМинистерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ . На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“. Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот. Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво. Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта. Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи. Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни. СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари. И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура. Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа. Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема. Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања? СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка. Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook