Во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел.

Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новиот сој на коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против Ковид-19.

„Поради зголемувањето на бројот на заразени, Министерството за здравство донесе одлука од денеска напладне маските повторно да бидат задолжителни во затворен простор", се вели во соопштението на израелското Министерство за здравство.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер