НБАВо истрагата на ФБИ ќе има уште играчи од НБА лигатаАмериканските медиуми пренесуваат дека скандалот со обложување во НБА лигата „не е завршен“, со напомена дека може да се очекува уште имиња да бидат вклучени во федералната истрага.Скандалот со обложување започнува и не гледам дека ова блиску до крајот, истакна новинарот на ЕСПН Дејвид Пердум. Тој напомена дека постои можност на вмешаност на луѓе и од колеџ кошарката, но и нови имиња на поранешни и сегашни имиња од НБА лигата. Засега со федералната истрага се опфатени бекот на Мајами Тери Розиер, тренерот на Портланд Чонси Билапс и поранешниот играч Дејмон Џонс. Според федералните обвинители истрагата има податоци за две меѓусебно поврзани операции на обложување, една со наместени покер игри поврзани со организираниот криминал, а втората се инсајдерски информации користени за спортско обложување. ФБИ потврди дека станува збор за десетина милиони долари, а апсењата биле извршени на територијата на неколку американски држави. Тагови: НБА ФБИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаУдар за подземјето: Во Драч уапсени двајца членови на криминалната група „Беланоца“Во Драч се уапсени двајца припадници на криминалниот клан „Беланоца“, кои се бараа со меѓународни потерници за убиства и шверц со оружје. Уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ во Драч Албанија. 26 годишниот М.Џ од Скопје и 34 годишниот С.Н роден во Норвешка за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела: убиство, убиство во обид, тешка телесна повреда, недозволено држење и тргување со оружје и злосторничко здружување. „При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија“, соопшти МВР попладнево. Инаку, сега уапсениот М. С, минатата година избега од Македонија, тој се сомневаше за убиство на армиски офицер пред селото Батинци, за него се водеше меѓународна потерница, а претходно за него имаше обвинение за уште едно убиство. Од МВР посочуваат дека оваа акција е резултат на повеќемесечна меѓународна соработка меѓу Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба и албанските безбедносни институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИранскиот ајатолах Али Хамнеи е погребан во Машхед Иранскиот ајатолах Али Хамнеи беше погребан рано наутро во петокот по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата.Иранскиот ајатолах Али Хамнеи беше погребан рано наутро во петокот по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата, по деновите на комеморации и погребни церемонии во Иран и Ирак, со што заврши периодот на жалост. Последниот погреб се одржа во молитвената сала на светилиштето Имам Реза во Машхад, откако ковчегот беше пренесен околу гробницата на Имам Реза како дел од погребните обреди, објави Прес ТВ. Погребна молитва беше одржана над неговото тело во дворот на светилиштето, по што следеше приватна церемонија за збогување за семејството на Хамнеи. По погребот, Иранците и муслиманите од целиот свет се помолија за него. Молитвата за починатиот ја водеше најстариот син на покојниот ајатолах, Сејед Мостафа Хамнеи, кој изврши ритуални молитви над телата. Според Прес ТВ, за време на поворката што следеше по телото на Хамнеи, можеа да се слушнат слогани „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“. Ајатолахот Али Хамнеи беше убиен заедно со неколку членови на неговото семејство на 28 февруари, денот кога започна војната против Иран од страна на САД и Израел. Меѓу загинатите беа сопругата на новиот лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, зетот на починатиот лидер, неговата ќерка и неговата 14-месечна внука, потсетува Прес ТВ. Синот на Хамнеи, Моџтаба, ја презеде функцијата врховен лидер, но оттогаш не се појави во јавноста и не присуствуваше на погребните церемонии.Тагови: ајатолах Али Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваШакира на плажа во бикини: Сигурни сте дека е таа? (ФОТО)Шакира изминатата недела беше во Мајами, каде што одржа неколку концерти во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, а присуствуваше и на натпревари од Светското првенство со своите синови.Пејачката сега е снимена на камера како ужива во опуштен ден во Мајами Бич, Флорида. Популарната Колумбијка повторно ја покажа својата зачудувачка фигура додека пливаше во морето, облечена во впечатливо црвено бикини со реси на горниот и долниот дел, кое го надополни со здолниште во ист стил. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за изгледот на пејачката, која следната година полни 50 години. „Изгледа одлично“, „Навистина може да се пофали со такво тело и природен изглед на 49 години“, „Прекрасна е“, напишаа корисниците, додека еден се пошегува: „Дали сте сигурни дека тоа е Шакира?“, праша еден твитерџија, алудирајќи на неодамнешните бизарни теории дека наместо Шакира на отворањето на Светското првенство настапила двојничка. Shakira en Miami. pic.twitter.com/nmG0i3bjZ6 — Paky ✨ (@PakyShak2) July 8, 2026 Патем, пејачката е голем љубител на фудбалот, а го отвори Светското првенство со настап за време на кој ја изведе официјалната песна на турнирот. Таа ќе настапи и на полувремето од финалето заедно со Мадона и BTS. Нејзината родна Колумбија беше елиминирана во осминафиналето вчера, по изведувањето на пенали против Швајцарија.Тагови: бикини Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter