Во Индија се вршат претреси на локациите на производителот на смртоносниот сируп против кашлица - Канал 5

Во Индија се вршат претреси на локациите на производителот на смртоносниот сируп против кашлица

Припадници на Агенцијата за спроведување на финансиски криминал на Индија денеска вршат претреси на локациите на компанијата за сируп против кашлица поврзана со смртта на голем број деца.

Во Индија се вршат претреси на локациите на производителот на смртоносниот сируп против кашлица

Членовите на Агенција пребаруваат седум локации на компанијата „Сресан Фармацевтикалс“, производител на сируп против кашлица „Колдриф“, од кој починаа неколку деца во државата Мадја Прадеш“, изјави неименуван извор.

Според него, рациите во градот Ченај се дел од истрагата за перење пари поведена против производителот на сируп.

Индиската полиција минатата недела го уапси Г. Ранганатан (75), сопственик на „Сресан Фармацевтикалс“, под сомнение за производство на сируп против кашлица што предизвика смрт на најмалку 21 дете во изминатите два месеца.

Ранганатан беше уапсен во својот дом во Ченај, под сомнение за убиство од небрежност.

Поголемиот број жртви на сирупот се од индиските сојузни држави Мадја Прадеш и Раџастан и биле под петгодишна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска - Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската јуниорска и сениорска кикбокс репрезентација.

Средба на Сиљановска - Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската јуниорска и сениорска кикбокс репрезентација, кои на Светското јуниорско кикбокс првенство во Италија освоија три златни и два бронзени медали, како и еден златен, два сребрени и шест бронзени медали на Европското сениорско кикбокс првенство во Скопје.

Импресионирана од успехот на младите спортисти, претседателката, им честиташе за одличните резултати. За неа, медалите и пехарите се доказ за спортско витештво, посветеност, дисциплина, пожртвуваност и верба дека со решеност може да се постигне дури и неможното.

Таа во врвните кикбоксери препознава личности кои се инспирација за нивните соученици и врсници, но и за идните генерации.

За водството на „Кикбокс Маитаи федерација на Македонија“ постигнатите резултати во сениорската и во јуниорската конкуренција се сметаат за врвен дострел, особено ако се има предвид дека низ финансиска призма тие се нерамноправни со другите натпреварувачи.

Секој од спортистите ја сподели со претседателката личната приказна за патот до врвот.

Претседателот на „Кикбокс Маитаи федерација на Македонија“ и селектор на репрезентацијата, тренерот, како и помошник тренерот на репрезентацијата ја опишаа тешката, но прекрасна работа со младите луѓе, крунисана со врвни успеси.

Елена Неделковска, најдобрата судијка на Европското сениорско кикбокс првенство 2026 во Скопје, ја раскажа својата исклучителна спортско-судиска одисеја.

За Сиљановска-Давкова, фасцинантните успеси на девојките на Светското и на Европското првенство целосно ја демантираат тезата дека кикбоксот не е женски спорт.

Присутните, во спортувањето гледаат најефективен и најевтин лек против насилството и агресијата.

Претседателката нагласи дека спортската дипломатија е врвно миротворно оружје на малите држави заедно со културната и економската и дека вреди да се инвестира во здравото тело и здравиот дух, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Надзорната расправа ги демантираше обвинувањата на СДС за Алта банка, граѓаните и нивните депозити се заштитени

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник .

Петрушевски: Надзорната расправа ги демантираше обвинувањата на СДС за Алта банка, граѓаните и нивните депозити се заштитени

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој се осврна на актуелните состојби поврзани со Алта банка, воведувањето администрација и заштитата на средствата на граѓаните и посочи дека надзорната расправа дала јасни одговори на повеќе отворени прашања, нагласувајќи дека не постоеле трансакции меѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград.

„Добро е што на самата надзорна расправа добивме многу одговори, а тоа е прво дека воопшто нема никакви трансакции помеѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград, онаа теза дека се переле пари од Србија во Македонија падна во вода, добивме одговор на прашањето дека е воведна администрација на банката за да се спречи она коешто се случувало во минатото, ако направиме споредба во Еуростандард таму веднаш беше затворена банката, па случајно одредени струмички фирми коишто беа корисници на кредити не ги вратија, случајно тогаш министер поранешен за финансии дента пред да се затвори банката си ги повлече своите пари, својот депозит, сега тоа го нема, имаме администрација со цел да ги заштити токму граѓаните коишто ги користат услугите на Алта банка“, рече Петрушевски и додаде:

„Денеска се функционира по закон, да се заштитат граѓаните, да се заштитат нивните пари и да се демантираат сите лаги коишто ги ширеше опозицијата изминатиот период и предизвика или се надеваше дека ќе предизвика одредено стампедо во банкарскиот сектор и во другите банки се со цел да добие ситни политички поени“.

Петрушевски се осврна и на законитоста на преземањето на Алта банка, потенцирајќи дека не постои никакво прекршување на законските одредби и дека станува збор за приватна деловна трансакција во која државата не е учесник, и потсети дека истиот сопственик бил присутен и во 2023 година кога претходната влада одлучувала за воспоставување деловни односи со банката, а ги демантираше и тврдењата за наводно сомнителното потекло на средствата и забрана за купување банки во странство.

„Нема никакво прекршување во законските одредби за влез на Алта банка во Македонија, се работи за купување на приватен субјект, не учествува државата како што било во 2023 година кога на седница на Влада државата кажува да се стапи во деловни односи со Алта банка, истиот сопственик бил тогаш, претпоставувам и тогаш знаеле дека ова коешто го говореа денеска дека не знам какви биле тие пари, црни. Исто е невистина дека Алта банка Белград имала забрана за купување на банки во други држави“, дециден е Петрушевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Администрацијата на Трамп подготвува зголемување на царините за ЕУ и за уште 15 држави

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ги зголеми царините за увоз од Кина, Европската Унија (ЕУ) и 14 други земји.

Администрацијата на Трамп подготвува зголемување на царините за ЕУ и за уште 15 држави

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ги зголеми царините за увоз од Кина, Европската Унија (ЕУ) и 14 други земји, кои Вашингтон ги обвинува за нарушување на конкуренцијата и оштетување на американските компании преку државни субвенции и поддршка за домашните индустрии, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со плановите.

Се очекува најавените мерки да доведат до зголемени царини за десетици земји, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја и сите 27 членки на Европската Унија.

Се очекува новите царини да ги опфатат повеќето производи извезени од овие земји во САД, додека одредени индустриски производи, како што се челик, алуминиум и автомобили, би можеле да бидат ослободени, со оглед на тоа што тие веќе се предмет на царини наметнати врз основа на посебни овластувања поврзани со националната безбедност.

Кина, според проценките од извори, би можела да добие повисоки царини од повеќето други земји, бидејќи претставниците на администрацијата на Трамп веруваат дека кинеските субвенции се особено обемни и сериозно ја нарушуваат глобалната економија.

Администрацијата би можела да вклучи и одредби што би ѝ овозможиле дополнително да ги зголеми царините ако се зголеми индустрискиот прекумерен капацитет во одредени земји или ако тие земји не успеат да направат соодветни промени во политиката во идните преговори со САД.

Земјите што имаат трговски договори со администрацијата на Трамп, вклучувајќи ги Јапонија и членовите на Европската Унија, би можеле да ги задржат вкупните царински стапки во согласност со договорите постигнати пред одлуката на Врховниот суд, велат извори запознаени со плановите.

Тоа би значело дека ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја би можеле да се соочат со царини од 15 проценти или помалку, додека други земји, како што се Виетнам и Индија, би можеле да бидат погодени со повисоки стапки, во зависност од условите на нивните трговски договори со Вашингтон.

Се очекува новите царини да бидат додадени и на постојните давачки од специјалната царинска иницијатива откриена во јули, која има за цел да ги казни земјите што не успеваат да ја спречат трговијата со стоки произведени со принудна работа.

Мерката би вовела царини од 10 до 12,5 проценти за група од 60 економии, но нејзината имплементација е предмет на правен спор.

Конечните царински стапки сè уште не се познати, но претставници на американската администрација постојано ја објавуваат својата намера да воведат давачки слични на оние што ги наметна Трамп во 2025 година, пред Врховниот суд на САД да ја поништи првата рунда царини во февруари 2026 година, објави Њујорк Тајмс.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир би можел да ги објави резултатите од едномесечната истрага за индустриските субвенции во Кина, Европската Унија и 14 други земји уште оваа недела, велат изворите, предупредувајќи дека датумот на објавување може да се промени.

Грир претходно изјави дека владините субвенции и другите форми на поддршка во тие економии создале вишок индустриски капацитет, дозволувајќи им на компаниите да продаваат големи количини поевтина стока на светските пазари, со што ги загрозуваат американските производители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер