Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
БалканВо Хрватска умрело лице во самоизолацијаСе работи за постар маж со симптоми на коронавирус.На прес-конференција на истарскиот Штаб за цивилна заштита потврдено е дека во Бртонигла умерел постар маж со симптоми на коронавирус, пренесе „Index.hr“. Од штабот предупредуваат дека се уште не можат да потврдат дека тој имал коронавирус, затоа што се чекаат резултати од брисевите, кои се очекуваат во доцните попладневни часови. Со сите контакти и работници на брзата помош кои биле на терен, се постапува како да починало заболено лице, велат од штабот. Во Хрватска моментално се потврдени 81 случаи на заразени од коронавирус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИсториска средба на Си, Трамп И Путин Во Кина, утре нивна прва трилатерална средбаОчите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен.Очите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен, каде што со највисоки државни почести, црвен тепих и свечена церемонија, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека својот американски колега Доналд Трамп, на самитот на АПЕК во пресрет на утрешната прва трилатерална средба заедно со рускиот претседател Владимир Путин. Пречекот беше проследен со исклучителен дипломатски гест. За првпат откако ја презеде претседателската функција, Си лично го пречека американскиот колега на аеродром, што дополнително ја нагласи важноста на посетата на Трамп. По свечениот пречек, Трамп и Си се упатија на самитот, каде што се сретнаа со Путин, а нивното ракување веќе медиумите го прогласија за историско. Пред пристигнувањето на Трамп, Си и Путин заедно појадуваа речиси два часа, каде според светските медиуми било разговарано за билатералните односи меѓу суперсилите, економската соработка и светскиот поредок. -Почитуван господине претседателе, почитуван пријателе... Искрено ми е мило што ве видов во Шенжен... Имаме заедничка цел, да обезбедиме мир и просперитет во целиот Азиско-пацифички регион. Имеме цел да работиме, како што велите и самите вие рамо до рамо, во интерес на доброто на народите на Русија и Народна Република Кина. Во услови на сложена геополитичка состојба, остануваме посветени на конструктивни пристапи насочени кон создавање поправеден, мултиполарен светски поредок – рече Путин. -Под стабилното ваше раководството претседателе, и мое, кинеско-руските односи останаа цврсти како планина. Недопрени од ветер и дожд, тие придонесуваат за долгорочната перспектива и обезбедуваат поголема стабилност и сигурност во се посложениот комплексен и променлив свет... Претставувајќи модел за нов вид односи меѓу големите светски сили – изјави Си Џипинг – Претседател на НР Кина. Сепак, зад раскошната церемонија и дипломатските гестови следуваат разговори од кои се очекуваат одговори на некои од најголемите глобални предизвици, потенцираат аналитичарите. -Од друга страна самитот ќе има голема геополитичка заднина. Војната во Иран ќе биде еден од примерите за следење таму. Што ќе прави Трамп по меѓуизборите, тоа е голема област за следење. Од друга страна ја имате триратералната средба Трамп, Си и Путин. Значи, ќе биде еден доста интензиен АПЕК самит – вели Џим Ли – Аналитичар. Утре, за првпат на заедничка преговарачка маса ќе седнат лидерите на трите светски сили, САД, Кина и Русија. Во фокусот на историската средба меѓу Трамп, Си и Путин се очекува да бидат војната во Украина, нуклеарното разоружување, глобалната безбедност и идните односи меѓу трите држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од ЕвропаСојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува појасни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс. Дискусијата се однесува на шестмесечна ревизија, иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Во тоа време, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси кон НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски. Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, со што на американската војска би ѝ се овозможило да се фокусира на своите глобални обврски. „Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој ќе присуствува и Колби за време на работниот ручек. Писториус додаде дека до промена во распоредувањето на конвенционалните сили ќе дојдеше без оглед на тоа кој е претседател на САД, бидејќи тоа е резултат на зголемениот фокус на Америка врз регионот на Индо-Пацификот. Во Германија се стационирани околу 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а резултатите од извршената анализа се очекува да бидат претставени пред Божиќ. Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – односно околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска. Писториус нагласи дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат дејствијата, со цел да се избегнат опасни празнини во европската одбрана што би можеле да настанат како последица на повлекувањето на американските сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“Со вкрстено испитување на економскиот вештак Анита Поповска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот процес за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Вештото лице одговараше на прашањ на бранителот на второобвинетиот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби, а во најголемиот дел од одговорите таа реагираше до судијата дека од неа се бара да вади правни заклучоци или да одговара на прашања надвор од она што е напишано во вештачењето. Поповска одговараше и за тоа каква била улогата на Министерството за финансии, во делот на спорната набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија, на што пред судот кажа дека Министерството изготвило мислење, но имало само административна улога. Покрај Груби, обвинети за случајот со проневери во државна лотарија, се уште и Перпарим Бајрами, поранешниот прв човек на Државна Лотарија, поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, како и уште 5 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook