Во Хрватска 819 новозаболени, 8 починати

Хрватскиот кризен штаб објави дека во последните 24 часа од направени 4948 тестирања се регистрирани 819 новозаболени лица, а осум лица починале.

Бројот на активни случаи во Хрватска сега изнесува 5.164 лица, од нив во болниците низ земјата се хоспитализирани 548, од кои 32 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога бил регистриран првиот случај на инфекција со корона вирус во Хрватска, до денес, регистрирани се вкупно 25.580 случаи на ковид-19, а починале 363 луѓе.

Според хрватскиот кризен штаб досега вкупно оздравеле 20.053 лица, од кои 491 во последните 24 часа, додека 21.148 лица во моментов се во самоизолација.

Мајката на осомничениот за убиството на Данка го искористи правото да не сведочи

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Како што пишуваат српските медиуми, таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените и е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето. Срѓан Јанковиќ од Лука и Дејан Драгијевиќ од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага..

Аксиос: Американската министерка за финансии подготвува нови санкции за Иран

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, подготвува нови санкции против Техеран, како одговор на иранскиот напад врз Израел во текот на викендот, објави денеска американскиот портал Аксиос.

„Министерството нема да се двоуми да работи со нашите сојузници да ги искористи санкциите како можност да продолжи да го попречуваме малигниот ирански режим и нивните дестабилизирачки активности“, се наведува во текстот на документот што Јелен денеска ќе го прочита пред американската јавност, а до кој Аксиос имал претходен пристап.

Во текстот од изјавата на министерката се истакнува дека нападот од Иран и неговите помагачи ја нагласува важноста на Министерството за финансии да користи економски мерки за да се спротивстави на „злонамерните активности на Иран“, пренесуваат британските медиуми.

Јелен претходно истакна дека иранските акции ја загрозуваат стабилноста на Блискиот Исток и можат да предизвикаат економски проблеми, додавајќи дека САД ќе ја искористат можноста за санкции и ќе соработуваат со сојузниците. /MИА

Јанчев: 7 години континуирано се инвестира во подобрување на јавното осветлување

Општина Кавадарци во изминатите 7 години континуирано инвестира во подобрување на јавното улично осветлување, објави градоначалникот Митко Јанчев.

„☑️Реконструкција и замена на постоечките светилки.

☑️Модернизирање на целата светлечка мрежа.

☑️ Поставување на ново јавно улично осветлување.

Нека блеска нашето Кавадарци“, додава Јанчев.

притисни ентер