Во Хајделберг автомобилите се исфрлаат од употреба, Американците го користат како модел - Канал 5

Во Хајделберг автомобилите се исфрлаат од употреба, Американците го користат како модел

Германскиот град Хајделберг е најпознат како универзитетски и научен град со богата историја, со најстариот универзитет во земјата.

Во Хајделберг автомобилите се исфрлаат од употреба, Американците го користат како модел

Таму се наоѓаат четири институти Макс Планк, Европската лабораторија за молекуларна биологија и познатиот замок стар 800 години. Но, Хајделберг наскоро може да стане уште попознат како град со нулта стапки на емисии на стакленички гасови што предизвикуваат глобално затоплување - и град каде автомобилите се исклучок од сообраќајот, а не правило, доколку успее планот на градоначалникот Екарт Вирцнер.

Вирцнер не е против електрични автомобили. Градот им овозможува на граѓаните кои купуваат електричен автомобил субвенција од 1.000 евра, со уште 1.000 доколку инсталираат станица за полнење. Но, електричните автомобили се ниско на списокот со алатки со кои Вирцнер се обидува да ги намали штетните гасови во градот. Проектот на Вирцнер му обезбеди на Хајделберг репутација на пионер во еколошки свесно урбанистичко планирање, пишува Њујорк Тајмс.

За да го намали присуството на автомобили на градските улици, Вирцнер купува флота од водородни автобуси, гради мрежа на „супер патишта“ за велосипеди што ќе го поврзуваат градот со предградијата и дизајнира населби на начин што го обесхрабрува користењето на возилата и го охрабрува пешачењето. Жителите кои се откажуваат од автомобил имаат право на една година бесплатен јавен превоз.

„Ако ви треба автомобил, користете апликации за споделување автомобили. Ако не можете да користите споделување автомобили затоа што живеете премногу далеку и нема јавен превоз, тогаш користете го автомобилот, но само до трамвајската станица, а не до центарот “, рече Вирцнер во интервју за американскиот весник.

Хајделберг така се позиционира во првите редови на движењето на еколошки свесни градови, што е најсилно во Европа, но е присутно низ целиот свет, вклучувајќи ги и американските градови Остин, Тексас и Портланд во Орегон. Дополнителен интензитет, нешто парадоксално, даде пандемијата на ковид-19 и карантинот што е воведено поради него. Жителите на многу градови добија можност да видат како би изгледал нивниот град без стандардниот метеж и им се допаѓало она што го виделе.

Во исто време, производителите на автомобили сè повеќе се обидуваат да се прилагодат на построгите регулативи за употреба на бензински (и дизел) автомобили во градовите. General Motors, Ford Motor и Jaguar Land Rover на овој начин ветија премин кон електрични автомобили оваа година.

Некои европски градови, како што се Стокхолм и Штутгарт, веќе забранија постари дизел возила. Десетици други, вклучувајќи ги метрополите Рим, Лондон и Париз, планираат да го ограничат градскиот сообраќај на возила што не испуштаат стакленички гасови во следната деценија и слично.

И националните влади вршат дополнителен притисок врз производителите и сопствениците на автомобили. Ирска, Холандија, Шведска и Словенија планираат да забранат продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година. Велика Британија и Данска велат дека тоа ќе го сторат до 2035 година, со тоа што само хибридните автомобили ќе бидат дозволени во фаза на транзиција од 2030 до 2035 година. И Франција најавува ваква забрана во 2040 година.

Хајделберг, меѓу другите мерки за премин од автомобили во други форми на сообраќај, предвидува изградба на мостови или надвозници кои ќе им овозможат на велосипедистите лесно да ги заобиколат областите со сообраќаен метеж, без да го делат патот со автомобилите. Во моментов, само околу 20% од жителите на градот користат автомобил за да се движат низ градот на дневна основа, но сообраќајниот метеж сè уште е присутен. Останатите 80% пешачат, возат велосипед или патуваат со електричен автобус.

Градот не се ограничил на еколошки сообраќај, но исто така ја намали потрошувачката на енергија во училиштата и градските згради за 50% во последната деценија - иако некои од овие згради се стари неколку стотици години.

"На крајот на краиштата, не станува збор само за автомобилите. Потребен ви е целиот пакет", заклучува Вирцнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

66 годишен пациент од Куманово е деветта жртва на западно нилска треска

66 годишен маж, кој се лекувал на инфективната клиника е деветата жртва на вирусот на нилска треска, потврдија од клиниката за инфективни болести.

66 годишен пациент од Куманово е деветта жртва на западно нилска треска

Пациентот по потекло од Куманово на клиниката се лекувал 28 дена и имал тешка здравствена состојба со други хронични заболувања.

„Пациентот се третираше во одделот за интензивно лекување . Пациентот беше еден од тие двајца пациенти што беа потешко болни со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар. И по сите превземени мерки од страна на медицинскиот персонал настапи летален исход. Пациентот е со доста придружни заболувања и тоа е еден од ризик факторите што даваат неповолен исход “, вели Д-р Фадил Цана Клиника за инфективни болести.

Последната хоспитализација на клиниката била на 19 септември и има вкупно 11 пациенсти со нилска треска еден е во тешка здравствена состојба.

„Еден е со потешка клиничка слика и се наоѓа во одделот за интезивно лекување“ Д-р Фадил Цана Клиника за инфективни болести.

Досега од нилска треска починаа девет пациенти сите се повозрасни и со други хронични заболувања. На клиниката за инфективни болести од стартот на нилската треска биле хоспитализирани 66 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родот во медиумите за Локалните избори 2025 во фокусот на третиот јавен состанок на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа .

Родот во медиумите за Локалните избори 2025 во фокусот на третиот јавен состанок на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, издавачите на онлајн медиуми-интернет портали, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка и европската интеграција.

На состанокот беа презентирани и наодите од истражувањето Родот во медиумите 2025: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во медиумската кампања за Локалните избори во 2025 година, кое за потребите на АВМУ го изработи маркетинг агенцијата Маркет Вижн. Анализата на изборното известување во централните дневници на МРТ 1 и МРТ 2, како и на платеното политичко рекламирање во форма на спотови со сценарио и спотови со снимки од партиски настани кај националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма, покажа дека жените и мажите не беа еднакво застапени во улогите на носител(к)и на политичките пораки. Во сите анализирани потпримероци мажите доминираа меѓу примарните субјекти, односно лицата кои имаа централна улога во политичката комуникација.

Од вкупно 791 регистрирано појавување на примарни субјекти во изборните прилози на Јавниот сервис, жените учествуваа со 103 појавувања (13,0%), додека мажите со 688 појавувања (87,0%). Слична родова нерамнотежа беше регистрирана и во ППР спотовите на комерцијалните телевизии. Од вкупно 588 појавувања на примарни субјекти, 64 беа жени (10,9%), а 524 мажи (89,1%). Најизразена нерамнотежа кај комерцијалните телевизии беше забележана во ППР спотовите со снимки од партиски настани, каде што од вкупно 44 регистрирани појавувања на примарни субјекти немаше ниту едно појавување на жена. Кај ППР спотовите со сценарио, жените учествуваа со 64 од вкупно 544 појавувања (11,8%), што укажува на нивна значително помала застапеност и во овој тип политичко рекламирање.

Родовата неизбалансираност беше посебно изразена кај најекспонираните политички улоги, особено кај кандидат(к)ите за градоначалници/чки и партиските лидер(к)и, додека кај кандидат(к)ите за советници/чки застапеноста беше поизбалансирана. Истовремено, анализата не идентификуваше случаи на сексуална објективизација или експлицитна родова дискриминација. Целата анализа е достапна на веб страницата на Агенцијата на следниот линк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со који ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата

Мелони ова го соопштила пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, додавајќи и дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“.

– За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – изјавила Мелони.

Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да помине и во парламентот во рок од 60 дена за да стапи на сила

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер