2Уапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки
БалканВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихијаВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација. Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден. -Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец. Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица. -Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика. Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари. Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДесетици илјади на протест во Тбилиси- бараат враќање на Грузија на европскиот пат Десетици илјади поддржувачи на опозицијата се собраа синоќа во Тбилиси за да ја одбележат втората годишнина од почетокот на масовните протести предизвикани од одлуката на грузиската влада да ги суспендира напорите за приклучување кон ЕУ.Демонстрантите дојдоа на главниот плоштад во главниот град на покана на проевропски активисти и пет опозициски партии кои се соочуваат со забрана, објави „Еуроњуз“. Земјата е во политичка криза од парламентарните избори во октомври 2024 година, на кои владејачката партија „Грузиски сон“ ја консолидираше власта, а еден месец подоцна премиерот Иракли Кобахиѕе објави суспензија на пристапните преговори со ЕУ до 2028 година. И покрај масовните апсења, високите казни и сè порестриктивните закони, граѓаните секојдневно излегуваат на улиците на Тбилиси барајќи нови избори и ослободување на притворените демонстранти. Организаторите на протестот ја обвинија владејачката партија дека ги предаде европските и евроатлантските аспирации на земјата. Некои критичари тврдат дека владата ја доближува Грузија до Русија и ги поткопува демократските институции. Од друга страна, премиерот Кобахиѕе повтори пред состанокот дека владата останува посветена на членството во ЕУ и е подготвена веднаш да започне преговори, но истовремено зачувувајќи го суверенитетот и традиционалните вредности на земјата. Тој претходно ја отфрли можноста за укинување на контроверзните закони за странско влијание и невладини организации, оценувајќи дека барањата на Брисел претставуваат мешање во внатрешните работи на Грузија. На Грузија ѝ беше доделен статус на кандидат за членство во ЕУ во декември 2023 година, но нејзиниот процес на интеграција беше ефикасно запрен следната година поради загриженоста на Брисел за состојбата на демократијата. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, минатиот месец изјави дека Грузија е кандидат за членство „само на хартија“, изразувајќи жалење што земјата заостанува зад Украина и Молдавија на својот европски пат.Тагови: Грузија Тбилиси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Црна хроникаУапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки Лишени од слобода четири возачи во Тетово и тетовско, управувале возила под дејство на алкохол, за време на активна забрана и без дозвола и учествувале во сообраќајни незгоди .На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Х.(44) од Тетово. Претходно, тој со патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди, а по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, како и под активна мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија. На 28.11.2026 во 15:25 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.А. (30) од с.Церово, тетовско. Тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица, при што било утврдено дека го управувал возилото без возачка дозвола. На 29.11.2026 во 02:30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Љ.(22) од с.Ларце, тетовско, и Б.Ш.(49) од с.Сараќино, тетовско. Тие претходно учествувале во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Љ. и патничко возило „сааб“, кое го управувал Б.Ш., двете со тетовски регистарски ознаки. Додека, по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. го управувал возилото за време на активна мерка забрана за управување со моторно возило, додека кај Б.Ш. биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
РакометГрди сцени по ракометното дерби во Битола- уништени трибините, искршени столчињата (ВИДЕО)Ракометното дерби помеѓу Пелистер и Охрид во Битолa привлече големо внимание, а салата „Боро Чурлевски“ беше преполна до последното место. Сепак, натпреварот го одбележа и непријатен инцидент на трибините. Околу 250 навивачи на Охрид отпатуваа во Битолa за да го бодрат својот тим, кој беше блиску до изненадување во тежок натпревар на гости. Сепак, по завршувањето на натпреварот, фокусот на вниманието беше на штетата на делот од трибините наменет за гостинските навивачи. Според медиумите, навивачите на Охрид, познати како „Рибари“, оштетиле и скршиле голем број пластични столчиња, што предизвикало незадоволство кај домашната публика. Останува да се утврди колкава е материјалната штета и кој ќе ја сноси одговорноста. Постои можност финансиските последици да бидат префрлени и на Ракометниот клуб Охрид, доколку се утврди неговата одговорност за оштетениот инвентар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook