3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканВо грчкиот Парламент ќе се формира Група за пријателство со МакедонијаВо грчкиот Парламент, во тек е процесот за формирање парламентарна Група за пријателство Македонија – Грција, а до пратениците веќе бил испратен допис, оние кои што сакаат да се пријават за учество во групата, дознава дописничката на МИА од Атина.Станува збор за избор на пратеници од грчка страна, кои заедно со нивните македонски колеги од Собранието, ќе бидат дел од Групата за пријателство Македонија – Грција. Пракса е во ваквите парламентарни групи да учествуваат пратеници од сите партии што се дел од грчкиот Парламент. Останува, во текот на следниот период, а според информациите на МИА, можеби дури и во текот на следната седмица да биде познат составот на грчката група и од кои партии ќе бидат нејзините членови. Според информациите на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, парламентарните групи за пријателство „се формираат со одлука на Претседателот на Парламентот, по писмено барање од пратениците", во групите учествуваат, „по можност, пратеници од сите пратенички групи", а „предмет на парламентарните групи за пријателство е зајакнување на парламентарната дипломатија на меѓународно билатерално ниво". Бурнус: Групата за пријателство е уште еден во градењето доверба и соработката меѓу двете земји Пратеникот од СИРИЗА, Јанис Бурнус, кој беше дел од грчката делегација во Скопје, предводена од тогашниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, коментира дека оваа разврска е исклучително важна и позитивна, „особено ако се земе предвид дека доаѓа од влада која до изборите се бореше против Договорот од Преспа" и открива дека лично тој, сигурно ќе се пријави за да бидат дел од групата. -Штом завршиме со разговорот, ќе одговорам на мејлот дека би сакал да бидам во оваа Група за пријателство, особено ако земеме предвид дека со Алексис Ципрас како премиер, кога го посетивме Скопје и Собранието,се сретнавме со луѓе кои веќе имаа формирано група за контакт со Грција и не прашуваа кога ќе се формира истата таква група во грчкиот Парламент. Тоа е разврска која ја чекавме, тоа е уште еден чекор во градењето доверба и соработката на двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа, вели Бурнус. Во однос на тоа какви се неговите очекувања за составот на групата, пратеникот од СИРИЗА, изразува надеж дека ќе има претставници од сите партии, со исклучок на Грчко решение, која е радикално десничарски ориентирана. -Овде ќе се покаже кои се позициите и намерите на секоја партија. За она што можам да ве уверам е дека од СИРИЗА ќе постои богато учество затоа што политички ќе го одбраниме историскиот избор што го направивме со Договорот од Преспа. Се надевам, со исклучок на Грчко решение, што е радикално десничарска и популистичка партија, дека од другите партии ќе видиме присуство, се надевам дури и од Нова демократија, впрочем по изборите кога го добија посакуваниот резултат рекоа дека ќе го почитуваат договорот, додава пратеникот од СИРИЗА за МИА. Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство Според податоците на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, постојат 77 парламентарни групи за пријателство со исто толку земји и „ги покриваат парламентарните односи со Парламенти од Европа, Америка, Азија, Африка и Океанија". -Средбите на Групите за пријателство имаат за цел зајакнување на соработката со Парламентите од сите земји, презентирање на позициите на Грција за важни меѓународни прашања, промовирање на националните прашања и зајакнување на меѓународната соработка, пишува на официјалниот сајт на грчкиот Парламент. Меѓу 77-те земји со кои грчкиот Парламент има воспоставено соработка преку парламентарните групи се сите земји од регионот (и оние кои што се членки на ЕУ и оние кои што се кандидати), поголемиот број европски држави, дел од арапските земји, но и САД, Кина и Русија. Секоја од групите има претседател, потпретседател, секретар и членови. Доколку се направи анализа, бројот на членовите во секоја од групите е различна, во зависност од земјата. Па така на пример, има Групи за пријателство што немаат ниту еден член или само три, а некои и над 50, јави дописничката на МИА од Атина. Од земјите од регионот, Групата со Црна гора има само три членови односно претседател, потпретседател и секретар, по шест членови имаат Групите за пријателство со Словенија и Хрватска, со Босна и Херцеговина и Бугарија седум, со Албанија има 17 членови, а со Србија е меѓу побројните со 30 членови, вклучително и претседателот, заменикот и секретарот. Групата за пријателство со Германија има помалку членови од онаа со Албанија или Србија и изнесува 16, а со Франција има еден повеќе. Меѓу најбројните се Групите за пријателство со Русија и САД со 62, односно 56 членови./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЈотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со ЃуровАктуелната бугарска претседателка Илијана Јотова има мала предност во првиот круг од претседателските избори во Бугарија пред поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, покажаа излезните анкети.Анкетите покажуваат дека Јотова добила помеѓу 35 и 36,5 проценти од гласовите, а Ѓуров помеѓу 32,2 и 32,5 проценти. Разликата меѓу двајцата кандидати е значително помала од она што го покажаа предизборните анкети, според кои се предвидуваше дека Јотова ќе добие повеќе од 40 проценти од гласовите, а Ѓурова малку повеќе од 28 проценти. Доколку тврдењата на анкетите се потврдат со официјални резултати, двајцата ќе се соочат во вториот круг на 1 ноември. Јотова се залага за дијалог со Москва, додека Ѓурова е поддржана од прозападната опозиција. Бугарите избраа нов претседател од 27 кандидати. Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Бугарија е во незгодна ситуација Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Двајцата водечки претседателски кандидати ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја извршува од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се натпреварува на парламентарните избори. На тие избори, Радев победи, а политичките аналитичари го сметаат за про-Кремљ. Доколку Јотова победи во вториот круг, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook